Дрогба најдобар стрелец на 21. век

Според податоците на Меѓунардониот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС), напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба е најдобар стрелец на меѓународни натпреварувања во 21. век. Нема Македонец помеѓу најдобрите 110 стрелци во светот.

Институтот со седиште во Келн ја направи листата на најдобри стрелци според бројот на голови постигнати за националнит тим и за клубовите на меѓународни натпреварувања.

Според оваа листа, Дидие Дрогба е единствениот со троцифрен број на голови во 21. век (од 2001-та година). Тој се наоѓа на првата позиција со 100 гола, а зад него е Мирослав Клосе со 90 гола.

Следат Руд ван Нистелрој, Тиери Анри и Самуел Ето, а најдобрите стрелци на денешницата, Лионел Меси и Кристијано Роналдо се на шестата и деветата позиција.

На листата од 110 фудбалери нема ниту еден Македонец. Последно пласираниот Лиедсон има постигнато 36 гола, а најдобриот македонски стрелец Горан Пандев во 21. век има постигнато вкупно 31 гол (24 гола за репрезентацијата и 7 гола за своите клубови на интернационални натпреварувања).

Најдобри стрелци на 21. век:
1. Дидие Дрогба (100)
2. Мирослав Клосе (90)
3. Руд ван Нистелрој (87)
4. Тиери Анри (85)
5. Самуел Ето (84)
6. Лионел Меси (84)
7. Давид Виља (80)
8. Раул Гонзалес (78)
9. Кристијано Роналдо (76)
10. Флавио да Силва Амадо (75)
...

11 јули 2012 - 10:47