Барселона е најголем трошаџија

Фудбалот се повеќе станува бизнис во кој се вртат милијарди, па воопшто не е чудно што 7 од 10 најголеми спортски трошаџии се фудбалски клубови. Како и на секое поле и тука битка водат Барса и Реал, па овие два клуба ги завземаат првите две места на листата.

Успехот не е евтин, а парите понекогаш и носат титули. Доказ за тоа се Арапите од Манчестер Сити чии милиони ја освоија титулата во Премиер лигата по пауза од 44 години.

Сепак милионите оваа сезона не им помогнаа на најголемите трошаџии во светот на спортот. Најмногу пари на плати троши Барселона. Просечната плата на еден фудбалер на Барселона изнасува 8,6 милиони долари.

Зад нив е Реал Мадрид со 7,8 милиони, а Манчестер Сити е на третото место со 7,4 милиони долари.

Дури 7 од 10 најголеми трошаџии се фудбалски клубови. Покрај Челси, Милан, Баерн Минхен и Интер, во Топ 10 се наоѓаат и НБА клубот ЛА Лејкерс и безбол клубовите Њујорк Јенкис и Филаделфија.

Најголеми плаќачи:

1. Барселона - 8,7 милиони долари
2. Реал Мадрид - 7,8
3. Манчестер Сити - 7,4
4. Челси - 6,8
5. ЛА Лејкерс - 6,3
6. Њујорк Јенкис - 6,2
7. Милан - 6,1
8. Баерн Минхен - 5,9
9. Филаделфија Филис - 5,8
10. Интер - 5,7

12 јули 2012 - 21:11