Фудбал

Мароканскиот Меси потпиша за Милан

14-годишниот Италијенц со потекло од Мароко потпиша за Милан, а на својата промоција тој жонглираше со портокал и пинг понг топче.

Послаби од Малави и Зимбабве

Го повторивме историскиот „успех“ од денот на дрвото во ноември. Фудбалската репрезентација на Македонија повторно падна на 103-та позиција, најслаб пласман на ФИФА ранг листата во последните 15 години. Пред нас се Зимбабве, Того, Малави...

Бекам го истури гневот

Не се исполни сонот на Дејвид Бекам кој посакуваше на крајот од својата кариера да настапи на Олимписките игри во Лондон, па тој својот гнев го истури на натпреварот против Сан Хозе.

Му најдоа занимација на Реина

Пепе Реина, резервата на Икер Касиљас, има освоено повеќе трофеи отколку што има одиграно натпревари за Шпанија. А за да не му биде досадно, му најдоа и него занимација.

Големиот Икер Касиљас

Икер Касиљас уште еднаш потврди дека е голем џентлмен на теренот. Во последните секунди од финалето на Европското првенство против Италија, тој побара од помошниот судија да се свири крај на натпреварот од почит кон противникот.

ЕУРО 2012 видео драма

Крајот на Европското фудбалско првенство во Полска и Украина беше одбележан со одлични видео монтажи од BBC и ESPN.

Андрес Иниеста е кралот на ЕУРО 2012

Шпанците доминираат и во тимот од најдобрите 23 фудбалери, а за најдобар играч на Европското првенство во Полска и Украина, техничкиот тим на УЕФА го прогласи шампионот Андрес Иниеста.

Шпанците се запишаа во историја

На патот кон европската титула, репрезентацијата на Шпанија освен што прими само еден гол на цело првенство и во финалето ја демолираше Италија со 4:0, тие израмнија и срушија уште неколку рекорди од фудбалската историја.

Златната копачка за Фернандо Торес

Човекот кој ја одигра својата најслаба сезона во кариерата во дресот на Челси, покрај трофеите од Европското првенство и Лигата на шампиони, ја освои и наградата за најдобар стрелец на ЕУРО 2012.

Шпанија повторно на врвот на Европа

Во борба за европската титула, актуелниот шампион беше немилосрден со Италија и победи со високи 4:0. Шпанија е првата репрезентација која освоила три првенства во серија по триумфите на ЕУРО 2008 и СП 2010 и првата репрезентација која си ја одбранила европската титула.

Шпанија против Италија и традицијата

Дојде денот кој го чекавме четири години. На финалето на ЕУРО 2012, Италија ќе се обиде да ја спречи Шпанија да стане првата репрезентација која освоила три првенства во серија по триумфите на ЕУРО 2008 и СП 2010, но и првата репрезентација која си ја одбранила европската титула.

Керол на рехабилитација

Многу му падна тешко на Енди Керол по елиминацијата на Англија од Европското првенство, па тој мораше да замине на итна рехабилитација.

 

Сите голови на ЕУРО 2012

Во пресрет на големото финале помеѓу Шпанија и Италија, да се потсетиме на сите голови од Европското првенство.

Фудбалската химна која го освои светот

Една мелодија ги освои срцата на сите фудбалски навивачи од целиот свет до толку што организаторите на Европското првенство во Полска и Украина решија да ја пуштаат по секој постигнат гол. Како Seven nation army на White Stripes стана фудбалска химна?

Посвоениот палавко стана херој на Италија

Емигрантите од Гана, Томас и Роуз Барвуа во 1990-та година го прославија раѓањето на својот син Марио, но 22 години подоцна кога тој стана најголема ѕвезда во Италија, своите голови ги посвети на неговата бела мајка Силвија Балотели. Еве ја приказната за новиот италијански херој.

Италија го слави Супер Марио, Германија во шок

"GIGANTI D'ITALITA" осамна на една од насловните во италијанските весници, додека во Германија најчесто употребуван збор во извештајите од полуфиналниот натпревар против Италија е зборот „кошмар".

Германија повторно на колена пред Италија

Продолжува италијанскиот кошмар за најголемиот фаворит. Репрезентацијата на Италија повторно беше поуспешна од Германија и со двата гола на Марио Балотели се избори за финале против Шпанија на Европското првенство во Полска и Украина.

Дијаманти контра Лев

Селекторот на Германија, Јоаким Лев си ги мези, а Алесандро Дијаманти културно се ослободи од нив.

Барселона должна како Грција

И покрај тоа што Барселона во последните години редеше успеси, фудбалскиот клуб не може да излезе од финансиската криза заради што во иднина ќе се намали буџетот за купување на фудбалери и ќе се одложи реновирањето на Камп Ноу.

Италија е кошмар за Германците

Во епската битка за финалето на Европското првенство, Германија вечерва ќе се обиде да го разбие најголемото „проклетство" во интернационалниот фудбал. Германците никогаш ја немаат победено Италија на официјален натпревар.

Личното дерби на Монтоливо

Мајката на Рикардо Монтоливо е Германка, татко му е Италијанец, а тој ги има двете знамиња на своите копачки.

Додавањето на Роналдо

Не му беше денот на Роналдо. Кутриот се изнапромашува цел натпревар, а на крајот не стигна ни да шутира пенал. Сепак ќе се запамети и по еден добар потег.