Греам Вестли го докажа своето педигре на тренер без толеранција. Тој преку СМС порака извести осум фудбалери на клубот дека веќе нема да смета на нивните услуги.
„Дечки, вие сте помеѓу осумтемината фудбалери од кои до почетокот на сезоната очекувам да го напуштат клубот. Како што веројатно веќе сте слушнале, во продолжението на подготовките ќе тренирате под посебна програма и нема да бидете вклучени во првиот тим за пријателските натпревари. Слободни сте да си најдете нов клуб и ќе ве молам да ме известите ако преговарате со некого. Не смеете да доаѓате на тренинзи ниту да патувате во странство затоа што можеби ќе треба да дојдете во клубот заради трансфер. ГВ", пишува во подолгата порака пратена до фудбалерите.
Тренерот Вестли уште по завршувањето на сезоната отпушти пет фудбалери, а минатата недела клубот го напушти голманот Ричард Рајт на кого му требаа само седум дена за да види со кого си има работа и веднаш побара да го напушти клубот.