Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) со седиште во Германија е оформен во 1984-та година и отсекогаш бил мета на критики за своите критериуми според кои ги прават рангирањата, но овој пат ептен ја утнаа работата.
На нивното најново рангирање на фудбалските лиги кое е направено според резултатите на петте најдобри клубови од секоја лига во сите натпреварувања, македонското првенство е рангирано на 77-та позиција со 139 поени.
На 86-та позиција со 126 поени е Словенија, на 96-та е Србија со 118, Хрватска е 97-ма со 116, а БиХ и Црна Гора се на 115-та и 116-та позиција со 76,5 и 72,5 поени.
На врвот на оваа листа е Шпанија со 761 поен, пред Аргентина, Бразил. Англија, Италија, Германија, Чиле, Парагвај, Франција и Холандија.