Доколку се оствари и трансферот на Златан Ибрахимовиќ во ПСЖ, францускиот клуб ќе се вброи помеѓу најголемите трошаџии во светот.
Катарците кои минатата година го купија клубот, веднаш го сруши клупскиот рекорд со доведувањето на Хавиер Пасторе за 42 милиони евра, а овој рекорд беше подобрен со официјализирањето на трансферот на Тиаго Силва од Милан за 46 милиони евра (вклучувајќи ги бонусите).
Преговорите со Златан Ибрахимовиќ се во завршна фаза, а доколку и тој потпише, тогаш ПСЖ ќе сруши уште еден клупски рекорд. Според францускиот весник Le Parisien, платата на Швеѓанецот ќе изнесува 16,2 милиони евра годишно, што значи дека ПСЖ само за плати на стартните 11 годишно ќе троши по 58 милиони евра.
Платите на стартните 11 на ПСЖ:
Салваторе Сиригу - 3 милиони евра
Кристоф Жале - 1,2
Тиаго Силва - 9
Алекс - 4,2
Максвел - 4,5
Мохамед Сисоко - 3,8
Тиаго Мота - 4,5
Хавиер Пасторе - 4,2
Жереми Менес - 3,4
Златан Ибрахимовиќ - 16,2
Езекиел Лавеци - 4