Војни, немири, насилства, атентати и политичка криза ја тресат Сомалија уште од 1980-та година. Проблемите во државата имаа огромно влијание и на спортот, посебно на фудбалот. Многу потенцијални ѕвезди се регрутирани во милитантските групи, а останатите не играат затоа што се плашат за своите животи.
Најголема закана за мирот во земјата претставува сомалиската фракција на Ал Каеда, исламистичката група Ал Шабаб. Тие се заканија дека ќе ги убијат Сомалијците кои играат или пак гледаат фудбал на телевизија.
Оваа година им беа извршени атентати на претседателот на Фудбалската федерација и на Олимпискиот комитет.

За време на Светското првенство во 2010-та година, двајца млади Сомлијци беа убиени откако биле фатени дека гледаат фудбал на телевизија. Исламистите со автомобил-бомба го убија најталентираниот млад фудбалер во Сомалија, а беше киднапиран и еден 19-годишен интернационалец.
На мета се и претседателите на клубовите кои често ги измачуваат затоа што младите ги наведувале на погрешен пат, а во март оваа година беше убиен и еден новинар затоа што напишал извештај за фудбалски натпревар.
Сомалијците се луди по фудбал и постојат многу талентирани млади фудбалери кои ако имаат среќа ја напуштаат државата и по неколку години играат за други репрезентации.
Стадионот во Могадишу со капацитет од 70.000 гледачи кој во минатото бил еден од најубавите стадиони во Африка, сега претставува исламистички тренинг центар на Ал Шабаб. Репрезентацијата на Сомалија тренира во полициската академија на каллива пољана без голови.
Сепак со помош од војската, Сомалија се надева дека наскоро ќе ги врати фудбалерите на терен. Федерацијата започна повеќе кампањи за охрабрување на фудбалерите, а од ноември Сомалија ќе се врати и на интернационално ниво и ќе ги започне квалификациите за Светското првенство во 2014-та година.