Франциско Роман Аларкон Суарез, или на кратко Иско од Малага оди по стапките на Руни, Меси, Фабрегас, Агуеро... Тој ја освои наградата „Златно момче" која италијанскиот весник Тутоспорт му ја доделува на најдобриот млад фудбалер во Европа.
Повторно уредниците на TVGOLO имале тешка задача да ги изберат 10-те најдобри голови за изминатата недела, а помеѓу нив се мајсториите на Коне, Тарабт, Фалкао, Адриано и Пирло.
Денес требаше да биде крајот на светот, но за среќа Артуро Видал ја спаси планетата со залутаната топка од неговиот промашен пенал при победата на Јувентус над Каљари со 1:3.
Спортистите не престануваат да не изненадуваат со нивте празнични честитки. По Коларов, Далас Маверикс и Милан, на ред дојдоа и фудбалерите на Штутгарт кои освен со завивањето на Jingle Bells, се истакнаа и со играњето.
И додека во повеќето првенства веќе започнаа зимските паузи, а нашата фудбалска лига ја има една од најдолгите во Европа, за Англичаните нема ни празник, ни делник па само за новогодишните празници во рок од 8 денови ќе одиграат 3 кола.
По извлекувањето на осминафиналните парови од Лигата на шампиони, во седиштето на УЕФА во Нион беа извлечени и двојките од нокаут фазата на Лига Европа. Стеауа се среќава со Ајакс, а Наполи ќе игра против Викторија Плзен.
Како и пред секоје извлекување, вчера УЕФА направи проба со ждребката за осминафиналето на Лигата на шампиони. Звучи неверојатно, но на вчерашната проба беа извлечени истите парови како на денешното официјално извлекување.
На денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион беа извлечени паровите за осминафиналето на Лигата на шампиони. Најинтересни натпревари во нокаут фазата ќе бидат дуелите Реал Мадрид - Манчестер Јунајтед, Милан - Барселона и Арсенал - Баерн.
Неизбежен составен дел на секој натпревар на овие простори е локалниот фраер што му дава дополнителен шмек на текот на натпреварот со квалитетно балканско сочно пцуење.
По Коларов и Далас Маверикс и фудбалерите на Милан успеаа да уништат божиќна песна. Не дека им оди добро во фудбал, ама нека си се држат до таа професија, а пеењето нека го остават на други. Единствено Боатенг може да добие позитивна оценка.
Во периоди како овој кога баш и не му оди на Ливерпул, нивните навивачи можат да си се расположат со гледање на одличниот краток документарец за финалето на Лигата на шампиони од 2005-та година. Видеово не се препорачува за навивачи на Милан.
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон го посети Харвард Универзитетот во Бостон каде пред студентите откри дел од тајните на неговиот успех во менаџирањето на тимот.
На последното рангирање на ФИФА за 2012-та година, фудбалската репрезентација на Македонија забележа напредок за две места и ја заврши годината на 81-та позиција.
Со победата од 2:0 над Верона, екипата на Интер обезбеди пласман во четвтфиналето на италијанскиот куп, но тренерот Страмачано беше на маки кога на десетина минути пред крајот се повреди голманот Кастелаци и заради претходно извршени 3 измени на голот се најде напаѓачот Родриго Паласио. Сепак Аргентинецот одлично се снајде помеѓу стативите.
Актуелниот првак на Италија и оваа сезона е на лидерската позиција во Серија А, но за разлика од минатата сезона кога го освоија Скудетото без ниту еден пораз, сега победуваат само против слабите тимови.
Италијаните се премногу суеверни луѓе. На стадионот на Каљари нема седиште со број 17, а тренерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини по серијата лоши резултати им забрани на своите фудбалери да носат виолетова боја.
Англичаните си мислат дека ги решија проблемите со хулиганите на стадионите уште со мерките на Тачер, но секоја недела сме сведоци на нови инциденти. Некои влегуваат во терен, на некои стадиони фрлаат со предмети, а навивачите на Олдам им ги палат косите на гостите.
Натпреварот од холандското првенство помеѓу Венло и Витезе минатата недела беше под знак прашалник заради лошите временски услови, но домашните навивачи не сакаа да го пропуштат натпреварот, па ги грабнаа лопатите и го исчистија сногот од теренот. Фудбалерите на Венло знаеа како да се оддолжат, па прославата на еден од головите при победата од 3:1 им ја посветија на своите навивачи.
Не, ова не се зборови на фудбалерите на Реал Мадрид, ниту на навивачите на кралскиот клуб. Тоа е скандирање од типот сеир кое можеше да се слушне на вчерашниот натпревар помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид од страна на навивачите на Барса.
Гркот роден во Албанија, Панајотис Коне постигна прекрасен гол за Болоња при изненадувачкиот пресврт по кој неговиот тим славеше со 2:3 на гостувањето кај Наполи.
Златан Ибрахимовиќ не само што „гази" во француското првенство со 17 гола на 14 натпревари, тој гази и во вистинска смисла на зборот. Негова последна жртва беше Хрватот Дејан Ловрен на дербито против Лион кој ПСЖ го доби со 1:0.
Бразилскиот голман Иванилдо кој брани во катарското првенство го изведе еден од најлошите слободни удари виден на фудбалските терени. Сепак можеше да биде и полошо, односно не си постигна автогол.