Навивачите на „Римската Волчица" најжестоко протестираа во Италија, затоа што со влезниците за гостувањата кои ги наложи тогашниот министер за внатрешни работи Роберто Марони, можеше да се следи секој чекор на навивачите и по завршувањето на натпреварот.
Во август 2009 година Марони ги воведе таканаречените билети „Тесера" кои претставуваа како еден вид контрола врз навивачите и кое беа задолжителни. Влезниците содржеа чип со податоци за навивачот и истовремено претставуаа кредитна картичка за во банка.
Навивачите негодуваа против таквите правила, а од Министерството за внатрешни работи тврдеа дека на тој начин ќе се регистрираат официјалните навивачи на клубот и ќе се контролираат ултрас фановите кои не смеат да купат билет доколклу правеле инциденти во претходните 5 години.
Веќе од наредниот месец навивачите на Рома први ќе можат да ги набават таканаречените „Fidelity card" кои ќе бидат во продажба во самиот клуб по цена од 20 евра и ќе важат 3 години. За разлика од претходните влезници за кои се чекаше потврда и по 40 дена, сега секој навивач ќе има право да ја поседува оваа картичка.
Ќе биде достапна само со прикажување на фотокопија од документ за идентификација, а со дозвола на родителите ќе може да ја поседуваат и малолетни лица. Новите картични нема да содржат никаков чип, а со нив ќе може да се набави билет за гостување и тоа на само 24 часа пред отпочнувањето на мечот.
Единствените сличности помеѓу старата и новата картичка, е тоа што ќе остане правилото, навивач кој учествувал во инцидент во изминатите 5 години нема да може да оди на стадион.
Навивачите на Рома овие картички ќе можат да ги купат веќе од 4 април, но за сега нема информации кога ќе бидат достапни и за останатите навивачки групи од Италија.