Фудбал

Египет со смрт им пресуди на виновниците

По една година од големата трагедија на египетското фудбалско дерби на кое загинаа 74 навивачи, судот донесе одлука за смртна казна на 21 навивач од вкупно 73 обвинети. Тоа предизвика немири со нови жртви.

Голови на неделата

Уживајте во изборот на TVGOLO од најдобрите 10 голови за изминатата недела, а помеѓу нив се и мајсториите на Погба, Пацини и Казорла.

ЕУРО 2020 во 13 земји

Извршниот одбор на УЕФА ја донесе конечната одлука, Европското фудбалско првенство во 2020 година да се одржува под нови критериуми со кои повеќето земји ќе имаат можност да ги нагостат најдобрите селекции од стариот континент.

18 години од кунг-фу ударот на Кантона

На денешен ден во 1995-та година на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Кристал Палас се случи еден од најпознатите моменти во историјата на Премиер лигата.

Фудбалерот кој му служи на бога

На најмладиот стрелец на европските првенства, Јохан Фонлантен му престоеше блескава иднина во спортот кој носи голема слава и пари, но тој се откажа од фудбалот и се одлучи на сосема друг живот, помагајќи им на луѓето на кои им е неопходна помош.

Хулк Хоган во одбрана на Азар

Еден Азар доби серија критики за неговото клоцање на едно од децата кои ги собираат топките, но Хулк Хоган и Џои Бартон застанаа во негова одбрана.

Капитенот и малиот херој на Бредфорд

Гери Џонс е капитен на тимот кој го доби прекарот „убиец на гиганти", но и главниот лик на емотивните фотографии кои го обиколија целиот свет по пласманот на Бредфорд во финалето на Лига купот.

74 годишен хулиган

Натпреварот од четвртата англиска лига беше прекинат поради невообичаен инцидент кој ретко се случува на терените. Пензионер од трибините со банана се обидел да го погоди делителот на правдата.

Најлошиот тим победи по пет години

Англискиот фудбалскиот клуб Ханкоут Јунајтед има голем повод за славје. По цели пет години и близу 100 одиграни натпревари, фудбалерите на еден од најслабите клубови на планетава конечно победија.

Најди го натрапникот во составот на Перу

Овие денови во Аргентина се одржува фудбалско првенство на Јужна Америка за играчи до 20 години, но еден член на репрезентацијата на Перу не само што е Еквадорец, туку и е осум години постар.

Во Реал Мадрид нема конфликт

Откако утринава на страниците на Marca се појави веста за ултиматумот од капитените на Реал Мадрид, следеше и демант од претседателот на клубот Флорентино Перез.

Генијалната идеја на Марио Ѓуровски

Авторот на ова “ремек дело“ е нашиот интернационалец Марио Ѓуровски кој настапува за тајландскиот клуб Маунгтон Јунајтед. Погледнете го исходот од истренирата комбинација.

Новиот трик на Нејмар

Бразилецот Нејмар продолжува да импресионира. Дечкото со лоша фризура на натпреварот против Ботафого ја презентираше неговата нова финта за поминување на противнички играч.

Мурињо или ние!

Мадридскиот весник Marca тврди дека ветерените од тимот на Реал Мадрид во вторникот одржале состанок со претседателот на клубот на кој го информирале дека ако Мурињо остане и следната сезона, тогаш тие ќе бараат да си заминат.

Реал Мадрид шампион и во европската лига на пари

Осма година по ред Реал Мадрид остварува најголем приход во Европа според истражувањето на Делоит, а овој пат тие станаа и првиот клуб во било кој спорт што ја има надминато границата од 500 милиони евра приход.

Вистинската вредност на влезница од Премиер лигата

Англичаните направија анализа на вредноста на влезниците за натпреварите во однос на бројот на головите. Некои сопственици на сезонски влезници платиле 6 пати повеќе за секој гол што го виделе минатата сезона.

„Црвените ѓаволи“ останаа без топки

Екипата на Манчестер Јунајтед со соочи со кражба во сопствената тренинг база откако откри дека им недостасуваат топки кои се вредност од околу 3 000 фунти и кои исчезнале пред одржувањето на денешниот тренин.

Порто и Бенфика во војна на Фејсбук и ЈуТјуб

Фудбалските гиганти се повеќе ги користат социјалните медиуми за комуникација и остварување на своите маркетинг стратегии, но и за војување со ривалите. Најпознатите португалски клубови, Бенфика и Порто својата војна од теренот ја префрлија на Фејсбук и ЈуТјуб.

Матераци лаже x9

Стратегот на Челси, Рафа Бенитез сакаше до толку да не убеди дека Марко Матераци е лажго, што мораше да повтори дури 9 пати.

Мини класико со 16 000 навивачи

Б тимот на Барселона кој во недела ќе го пречека големиот ривал Реал Мадрид Кастиља привлекува огромен интерес за шпанските навивачи. За разлика од составот на Виланова кој на Кралевите им бега 15 бода, разликата помеѓу овие две екипите во втората лига изнесува 11 бодови.

„Тиботинг“ за Куртоа

По серијата одлични настапи на голманот Тибо Куртоа за Атлетико Мадрид, навивачите започнаа ново интернет лудило кое го нарекоа „Тиботинг".

Афричкиот Жозе Мурињо

Лусио Антунес кој работи како контролор на летање, направи историски чекор за спортот во Зеленортските острови. Земјата за која ретко кој слушнал дека воопшто се игра фудбал, настапува како дебитант и е најмала во Афричкиот Куп на нации оваа година.

Четвртолигашки „убијци“ на гиганти

За прв пат по нешто повеќе од 50 години еден четвртолигаш успеа да се пласира во финалето на Лига купот на Англија. По Арсенал и Виган, екипата на Бредфорд успеа да ја елиминира и Астон Вила.

Клизачи од судија

Судијата фаулираше фудбалер на Зенит за време на пријателскиот натпревар против Шахтар.