Фудбал

Во Бразил трчаат фудбалери од 2 милијарди евра

Според сајтот FútbolFinanzas.com, осуммината учеснички на Купот на Конфедерациите во Бразил заедно вредат речиси 2 милијарди евра. Најбогат е составот на Дел Боске.

Сити и Челси најголеми трошајлии во Премиер лигата

Не освоија ниту титула во првенството, ниту во купот, а заедно потрошија скоро 750 милиони евра. Составот на „Граѓаните" е со најголема загубена вредност на играчите, додека екипата од „Стемфорд Бриџ" за еден бод “плаќала“ скоро 5 милиони фунти.

Црвената фурија стартуваше фуриозно

Актуелниот светски и европски првак со одлична игра и триумф од 2:1 против Уругвај ги започна натпреварите од Купот на Конфедерациите.

Балотели го “урна“ Мексико

На вториот натпревар од групата А во Купот на Конфедерациите кој се играше на славната „Маракана" во Рио де Жанеиро, „Аѕурите" со головите на Пирло и Балотели славеа со 2:1 над Мексико и заслужено стигнаа до првите три бода.

Трансферот на Роналдо е се уште недостижен

Според магазинот „Форбс", специјализиран за економија и финансии, преминот на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид пред 4 години се уште е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.

Бразил стартуваше со победа

Домаќинот и актуален освојувач на Купот на конфедерациите, репрезентацијата на Бразил го отвори турнирот со триумф, славејќи рутинска победа над Јапонија од 3:0.

Започнува Купот на конфедерации

Од денес па се до 30 јуни, Бразил ќе биде домаќин на 8 репрезентации на 9-то издание од Купот на конфедерациите. Ова се најинтересните трендови, факти и бројки кои треба да ги знаете во пресрет на натпреварувањето кое е загревање за Светското првенство.

Бразил на Мундијалот ќе се обезбедува со роботи

Домаќинот кој во Купот на конфедерации овој месец треба да го мине тестот за добра организација, најавува нов режим на обезбедување на следните два големи спортски настани, Светското фудбалско првенство и Олимписките игри.

Во Премиер лига се игра најчист фудбал

Споредено со 2006 година во Англија бројот на прекршоци е намален за 22%, а статистиката покажува дека овој број постојано опаѓа. Во конкуренција на најсилните пет европски првенства, во Премиер лига се прават најмалку фаули.

Копачки на Рамос во чест на Мајкл Џексон

Во последно време многу фудбалски ѕвезди одат на концерти на познати пејачки, како на пример кај Ријана, а потоа се сликаат со нив и се фалат на Фејсбук и на Твитер. Но Серхио Рамос своите идоли не ги носи само во срце, туку имињата на легендарните Мајкл Џексон и Камарон де ла Исла ги напиша на новите копачки кои ќе ги носи на Купот на конфедерации.

Удар со глава го оштетува мозокот на фудбалерите

Дали конечно го добивме одговорот на прашањето зошто некои фудбалери се до толку глупави? Проблемот не бил до нивната интелигенција, туку до тоа што многу често ја удирале топката со глава.

Тренингот на Фердинанд

Не се баш сите фудбалери "даски" во стомаците како фудбалерот на Манчестер Јунајтед кој неодамна беше сликнат како се релаксира со пијачка, а истовремено може да се пофали и со "коцки" на стомакот.

Како Мурињо за малку ќе станеше тренер на Барселона

Жозе Мурињо се врати во Челси, клубот кој го напушти пред неколку години кога наместо во Интер за малку можеше да заврши на клупата на клубот каде во моментов тој важи за непријател број 1.

Вечниот тренер заминува во пензија по половина век во иста екипа

Го превзеде клубот од самото негово оформување, им ги переше дресовите на играчите, освои 72 титули и замина во историјата како тренер кој успеал да опстои на една тренерска клупа рекордни 50 години. Респект за 71 годишниот Џими Дејвис.

Сакаме и ние вака на Филип Втори

Фудбалската репрезентација на Белгија ги растури сите во квалификациската група А за Мундијалот во Бразил каде се наоѓа Македонија на дното, а по последниот триумф против Србија од 2:1, пласманот на Светското првенство го прославија на спектакуларен начин. Обезбедија дел на трибината само за навивачки, а се сместија околу 1100. Браво момци.

Фиорентина во Лига на шампиони, Милан во друштво со Интер

Вака од прилика ќе изгледаа насловите во весниците по завршувањето на сезоната во Серија А, доколку судиите беа попретпазливи или можеби поненаклонети кон некои тимови.

Ден на жалост во Манчестер Сити

Знамињата пред просториите на Манчестер Сити вчера беа спуштени на пола копје. Почина клупската мачка Вимблидон.

Перспективните младинци на Купот на Конфедерации

Млади, но веќе докажани талентирани играчи во своите клубови и незаменливи репрезентативци од кои се очекува да блеснат на Купот на Конфедерации кој за два дена почнува во Бразил. Според имињата нема да ви бидат баш познати, но вреди да се погледнат нивните настапи.

Бетис си купи фудбалер за 73 денари

Немаме печатна или каква било грешка во насловот. Шпанскиот прволигаш Бетис потпиша со Конгоанецот Седрик од Нумансија чија откупна клаузула вредеше 1 евро и 20 центи.

Бразилски проектил од слободен удар

Поранешниот член на Бетис и повремен репрезентативец на Бразил, Рафел Собис постигна прекрасен гол од огромна далечина за екипата на Флуминенсе на гостувањето кај Португеза.

Со Football Manager до селектор на репрезентација

Драги зависници од компјутерски игрици, еве ви уште една вест која може да ви служи како доказ дека не е залудно времето кое го губите на компјутер. Селекторот на фудбалската репрезентација на Намибија се инспирирал да стане тренер откако играл Football Manager.

Најлошиот клуб на светот ја предизвика Шпанија

Бразилскиот нисколигаш Ибис Спорт Клуб кој со скоро 4 години без победа влезе во Гинисовата книга на рекорди, доби голема желба да заигра против европскиот и светски фудбалски шампион Шпанија.

Петиција за спас на Хејсел

Со помош на петиција, навивачите на Јувентус ќе се обидат да го спречат Брисел кој има идеја да го сруши стадионот каде се случи една од најголемите трагедии во фудбалот и да изгради нов.

Сан Мамес замина во историјата

Атлетик Билбао го напушти својот дом по точно 100 години. Гордоста на Баскија ќе се сели на нов стадион, а стариот Сан Мамес или за Баскијците познат како "La Catedral" се претвори во голема рушевина.