0 - победникот не станува светски шампион
Ова ќе биде 4-ти пат како Купот на конфедерациите се одржува една година пред Светското првенство во истата земја. Ниту еден освојувач на Купот на конфедерациите не го освоил следното Светско првенство.
1 - Тахити е 30-ти различен тим
Најголемиот аутсајдер и најголемо изненадување со учеството на ова натпреварување е Тахити, која е 30-та различна репрезентација која учествува на Купот на конфедерациите. 135-та репрезентација на ФИФА листата се квалификуваше откако го освои Купот на Океанија во 2012-та година.
2 - Бразил и Франција ги одбранија титулите
Само Бразил и Франција ги имаат одбрането титулите на Купот на конфедерациите. Бразил победи во 2005 и 2009, а Франција во 2001 и 2003. Домаќините можат да станат првата репрезентација со три последователни титули.
2 - домаќините победиле два пати
Бразил може да стане трета репрезентација со тирумф на домашен терен. Претходно Купот на конфедерации како домаќини го освоиле Мексико во 1999 и 2003-та година.
2,86 - очекувајте голови
На 96 натпревари одиграни на досегашните изданија на Купот на конфедерации биле постигнати 275 голови или 2,86 во просек по натпревар.
3 - Бразил е најуспешна репрезентација
Бразил има три триумфи на Купот на конфедерации (1997, 2005, 2009), а во 1999 загубија во финалето од Мексико.
4,3 - црвени картони
Во просек на едно издание на Купот има по 4,3 црвени картони, односно по 1 на 3,7 натпревари. Од 22 исклучени фудбалери, на 12 директно им бил покажан црвен картон, а на финалињата имало 3 исклучувања.
4,8 - просек за Златна копачка
За еден фудбалер да биде најдобар стрелец на Купот на конфедерации му се потребни 4,8 голови во просек. Најдобар стрелец во историјата е Ромарио со 7 гола во 1997-та година.
7 - Бразил е постојан учесник
Првото учество на Бразил е во 1997-та година и ова ќе им биде нивно 7-мо рекордно учество на Купот на конфедерации