Ѕвездата на „Црвените Ѓаволи" го напушти „Олд Трафорд" во 2009 година и во таборот на Кралевите замина за сума од 141 милиони долари или 94 милиони евра. На второто место се уште е транферот на Златан Ибрахимовиќ кој истата година ја засили Барселона од тимот на Интер за 102 милиони долари.
Првите три најскапи транфери во историјата на фудбалот ја заокружува Кака во истата 2009 година кога го напушти Милан и замина за Реал Мадрид за 98 милиони долари. Во топ 10 најскапи трансфе според „Форбс", ова лето влегоа Фалкао кој потпиша за Монако и Нејмар кој е нов член на Барселона.
Првата позиција на оваа листа има најголеми шанси да ја завземе Герет Бејл за кој медиумите пишуваат дека ПСЖ и Реал Мадрид се подготвени да издвојат 100 милиони евра.
Второ име кое можно е да се најде помеѓу најскапите транфери е Единсон Кавани за кој претседателот на Наполи, Де Лаурентис изјави дека може да си замине за околу 65 милиони евра.
Топ 10 најскапи трансфери:
1. Кристијано Роналдо (2009) од Манчестер Јунајтер во Реал Мадрид – 141 милиони долари.
2. Златан Ибрахимовиќ (2009) од Интер во Барселона – 102 милиони долари.
3. Кака (2009) од Милан во Реал Мадрид – 98 милиони долари.
4. Зинедин Зидан (2001) од Јувентус во Реал Мадрид – 85 милиони долари.
5. Фернандо Торес (2011) од Ливерпул до Челси – 81 милиони долари.
6. Хернан Креспо (2000) од Парма во Лацио – 81 милиони долари.
7. Радамел Фалкао (2013) од Атлетико Мадрид во Монако – 77 милиони долари.
8. Луис Фиго (2000) од Барселона во Реал Мадрид – 56 милиони долари.
9. Нејмар (2013) од Сантос во Барселона – 74 милиони долари.
10. Андреј Шевченко (2006) од Милан во Челси – 66 милиони долари.