Црвената фурија стартуваше фуриозно

Актуелниот светски и европски првак со одлична игра и триумф од 2:1 против Уругвај ги започна натпреварите од Купот на Конфедерациите.

Составот на Висенте Дел Боске во кој имаше 7 фудбалери од Барселона веднаш се наметна со својата препознатлива брза игра со многу кратки додавања, а Уругвајците немаа лек како да се одбранат. Педро со волеј удар од 20 метри биеше силно, а топката удри во еден од дефанзивците со што го измами голманот Муслера.

Во 31 минута во разредената одбрана на Уругвај сам на работ на шеснаетникот се најде Солдадо, а Цеск Фабрегас со многу чувство го проигра голгетерот на Валенсија кој пласираше прецизно за водство од 2:0.

Уругвајците се разбудија многу касно во 88 минута, кога Луис Суарез со фантастичен слободен удар, идентичен како оној на Пирло на мечот против Мексико, ги постави конечните 2:1.

17 јуни 2013 - 09:34