Аѕурите беа подобар противник и уште на стартот на мечот се наметнаа како фаворити. Најмногу шанси на стартот на мечот имаше Марио Балотели кој не успеа да го отвори резултатот. Ремек дело во неговиот претпознатил стил ни приреди плејмејкерот Андре Пирло со прекрасен погодок од слободен удар во 27 минута.
Радоста на Италијанците траеше само 5 минути откако дефанзивецот Барцаљи го загуби дуелот со Дос Сантос и реагираше несмасно по што судијата досуди удар од белата точка. Хернандес Чичарито не ја пропушти можноста и го израмни резултатот со кој се замина на пауза.
Човек на одлука во 78 минута беше Марио Балотели кој доби една тешка топка во шеснаесетникот, но и покрај тоа што беше во дуел со двајца фудбалери на Мексико успеа да се снајде и да го постигне победничкиот гол на мечот.