На 380 натпревари изминатава сезона во Премиер лигата направени се 8562 прекршоци или во просек 22,5 по натпревар. Пред седум години тој број изнесувал 10.886 или 28,6 по натпревар. Во сезоната 2011/2012 пак имало 21,9 фаули по натпревар. Ова се показатели кои покажуваат дека фудбалот во Англија е се потечен со помалку фаули.
Според тренерите, во Англија најгрубо се однесуваат фудбалерите на Стоук Сити, исто како и на Болтон, особено Кевин Дејвис кој го посочуваат како најагресивен играч. Тој им возврти дека без контакт фудбалот нема да го има истиот шмек.
„Немам намера да ја прилагодувам играта според симпатиите не некои луѓе. Фаулот се составен дел од играта и се случува како последница од оваа борбена игра. Знам дека често пати добивам жолти картони, но голем дел од нив се кога се расправам со судиите во својство на капитен", изјави Дејвис.
Споредбено со другите лиги оваа сезона, најгруб фудбал се играло во Бундес лигата каде се регистрирани 32 фаули по натпревар, во Серија А и во Лига 1 по 31, а во Шпанското првенство 29.