Црвената фурија сосема очекувано стигна до висока победа од 10:0 против селекцијата на Тахити која има само еден професионален фудбалер. Најпрецизни беа Торес со 4 и Виља со хет трик, а светскиот шампион стигна до рекордно највисока победа во историјата на овој турнир.
Кој дрес ќе го носи наредната сезона Кавани е топ тема во медиумите, а откако самиот фудбалер изјави дека сонува да заигра за Реал Мадрид, навивачите на Наполи се налутија и му порачаа да си замине.
Кариерата им трае околу 15 до 20 години, парите кои ги заработуваат за тоа време се енормно големи, па без проблем си дозволуваат разни луксузи и авантури. Но тука не завршува приказната за фудбалските ѕвезди кои имаат милиони. Некои од нив знаат многу добро како да помогнат.
Пуштете ги звучниците погласно и слушајте како 60.000 Бразилци “грмат“ во еден глас со стиховите на химната на својата земја. Кај нас многу често на фудбалски натпревари атмосферата знае да биде како во театар на монолог, па еве дека биде ова една лекција за нас.
Ѕвездата на Италија од Мундијалот во 1990 година на кој тие беа домаќини, беше еден од првите познати имиња од чизмата кои ја испробаа јапонската авантура. Од тогаш во Серија А следуваше инвазија на јапонски фудбалери, а некои од нив станаа ѕвезди на чизмата.
Во Интер мина скромно и брзо си замина, навивачите на Челси постојано преку транспаренти му порачуваа да си оди, а на кам бекот во Италија најмногу му се радува претседателот на Наполи.
Селекциите на Италија и Јапонија во рамките од второто коло од Купот на Конфедерации го одиграа највозбудливиот натпревар до сега со дури 7 погодоци. Јапонците имаа предност од 0:2, но упорните Италијанци стигнаа до полуфиналето со пресврт од 4:3 во вториот дел.
Домаќините на Купот на Конфедерации славеа во второто коло од А групата против Мексико и со тоа си го обезбедија пласманот во полуфиналето. Човек на одлука беше младата бразилска ѕвезда, Нејмар со одличен волеј удар во 9 минута и асистенција.
Според „coachworldranking.com", сега веќе пензионираниот германски стратег кој стигна до тројната круна со Баерн Минхен е се уште најдобриот тренер во светот.
Богатиот француски клуб кој на голема врата најавува кам бек во првата француска лига нема предупредување од страна на УЕФА за евентуално прекршување на финансискиот фер плеј.
1930 година ќе остане запаметена во историјата по одржувањето на првото Светско првенство во фудбал кое се одржа во Уругвај. Потоа се одиграа уште две, па следеше долг прекин поради Втората светска војна за време на која се крие голема фудбалска мистерија која не е призната од ФИФА.
Францускиот фудбал ќе изгуби влијателен клуб од каде потекнуваат многу познати француски фудбалери доколку за 6 дена не пронајде 1,2 милиони евра за да се спаси од банкрот.
На навивачите на Тотенхем веќе им здодеа нивниот миленик да биде топ тема во овој летен преоден рок. Медиумите се изнапишуваа за неговиот евентуален транфер во Реал Мадрид, па потоа Зидан изјави дека неговата вредност е 100 милиони евра, а последната вест е дека тие пари е подготвен да ги потроши за него и ПСЖ.
Летниот преоден рок пред 4 години се уште го држи рекордот по најскапиот трансфер во историјата на фудбалот кога Роналдо ги засили Кралевите за сума од 94 милиони евра. Само еден играч во моментов е највреден на пазарот и тоа двојно повеќе од него, но за сега никој не се осмелува да ја достави таа понуда.
Бразил руши рекорди по бројот на демонстранти кои излегоа околу 200.000 да протестираат низ улиците против одржувањето на Светското првенство 2014 кое ќе повлече огромни трошоци. Деталите за тоа зошто не треба да има идната година фудбал во Бразил најдобро ги објаснуваа оваа девојка.
Неверојатната но вистинита приказна ни доаѓа од Сараево каде 51 годишниот Душко Крталица на турнир во мал фудбал играл застрелан, но без да биде свесен за тоа. Случајот има и епилог од еден уапсен кој пукал по свадби.
Земјата на тетоважите и рајските летувалишта има аматерска фудбалска репрезентација која вреди 216 пати помалку од Шпанија. Позната е како место за инспирација на големите човечки умови, во фудбал успеала да победи со рекордни 30:0, а во составот има работници кои играат од љубов.
Во вториот меч од Б групата во Купот на Конфедерации, селекцијата на Нигерија сосема очекувано го декласираше аутсајдерот на турнирот со високи 6:1. Хет трик на мечот постигна Адуамади.
По пензионирањето на легендарниот Ферги, весникот „Метро" објави дека мастиката која ја џвакаше Шкотланѓанецот на последниот меч била продадена за 400 илјади фунти. Сега на аукција ќе се продаваат еден од двата историски листови хартија за кои впрочем беше најавено.
Домаќините на минатото Светско фудбалско првенство се дефинитивно големи малери. При резултатот 1:1 на мечот против Етиопија, Бернард Паркер го постигна овој трагичен автогол кој не се бранеше, а тоа значеше збогум Бразил 2014.
Бомбастичен трансфер, слика од плажа, кавга па извинување. Фудбалските ѕвезди со разно разни содржини се повеќе стануваат дел од Твитер заедницата, а истовремено расте бројот и на клубовите кои го користат ова средство за информирање на јавноста.