Босанец бранел со куршум во глава

Неверојатната но вистинита приказна ни доаѓа од Сараево каде 51 годишниот Душко Крталица на турнир во мал фудбал играл застрелан, но без да биде свесен за тоа. Случајот има и епилог од еден уапсен кој пукал по свадби.

Веста на денот поврзана со малку фудбал, пукање, но за среќа без жртви ни доаѓа од Босна и Херцеговина, каде на турнир во мал фудбал во сараевската населба Бољаков Поток на голот стоел 51 годишниот Душко Крталица кој го бранел мечот со куршум во глава.

Како што пренесува босанскиот „Дневни аваз" голманот осетил некаков удар во глава, но продолжил да брани со мали болки мислејќи дека му се од ударот во стативата кој го имал во текот на натпреварот.

По завршувањето на meòot тој се пожалил дека почнала да му се кочи раката, а му бил нарушен и говорот. Соиграчите веднаш го однеле во болница, а лекарите се шокирале откако снимката покажала дека тој всушност има куршум во главата.

„Му направивме веднаш операција и му го отсtранивме куршумот. Неговата состојба за сега е стабилна и се наоѓа на интензивна нега", изјавил портпаролот на Клиничкиот центар во Сараево.

Истиот ден кога се играл натпреварот во околината имало три свадби, а полицијата на терен пронашла 12 чаури од пиштол. По кратко време тие го уапсиле 42 годишнен човек кој е осомничен дека пукал на една од свадбите.

Тој на полицијата им го предал пиштолот „Црвена застава" и веднаш бил приведен на сослушување, а во истрагата се уште се бараат и други сватови кои можно е на свадба да заминале со оружје.
Интересно е што јунакот Душко освен што натпреварот го одиграл до крај, примил само еден гол.

18 јуни 2013 - 12:21