Иако до завршувањето на летниот преоден рок има уште многу, Монако кој е под закрила на рускиот тајкун Дмитри Риболовљев веќе потроши повеќе од 100 милиони евра за засилувања. Но претседателот на УЕФА, Мишел Платини изјави дека нема намера да ги спречи се додека не се квалификуваат во Европа.
„За сега Монако не е дел од натпреварите под капа на УЕФА, затоа ние не размислуваме на нив. Кога ќе обезбедат пласман во некое од европските клупски натпреварувања, тогаш дополнително ќе разговараме на оваа тема", изјави Платини.
За екипата на Монако ова лето потпишаа Радамел Фалкао, Џејмс Родригез, Рикардо Карваљо и Жоао Моутињо, но тука нема да застанат, а најновите информации говорат дека се заинтересирани за двајцата фудбалери на Милан, Ел Шарави и Боатенг.