Заборавеното Светско фудбалско првенство

1930 година ќе остане запаметена во историјата по одржувањето на првото Светско првенство во фудбал кое се одржа во Уругвај. Потоа се одиграа уште две, па следеше долг прекин поради Втората светска војна за време на која се крие голема фудбалска мистерија која не е призната од ФИФА.

За историјата велат дека ја испишуваат победниците, но таа треба на некој начин да се докаже барем со еден лист хартија. Во овој случај тоа веројатно не го може никој, не постои шампионски пехар или снимка од конечните резултати, но и покрај тоа легендата поткрепена со некои докази вели дека приказната е вистинита.

Додека светот ги живееше најцрните денови во човечката историја, во областа Пaтагонија во Јужна Америка се одржал турнир во фудбал во 1942 година. На Мундијалот учествувале вкупно 12 репрезентации, а дел од нив биле актуелниот светски првак Италија, Франција, Бразил, домаќинот Пaтагонија, дебитантот Англија и составот од домородци кој се наоѓа на територијата на Чиле и Аргентина, по име Мапуче. 

Аргентина и Чиле одбиле да учествуваат на турнир каде игра Мапуче, поради политичките тензии и спорови во тоа време околу сопственоста на земјиштето на тој регион. Оваа фасцинантна фудбалска и “изгубена“ приказна која не била призната од ФИФА, поради што и не постојат официјални податоци од резултатите, двајцата италијански режисери Лоренцо Гарзела и Филипо Мачелони одлучиле да ја преточат во документарен филм.

Приказната започнува со откривање на непознати човечки остатоци во еден мал град во Патагонија кои му припаѓале на Џулерно Сандрини, Аргенитец со италијанско потекло кој бил овластен од страна на Министерот за спорт да ги снима натпреварите. Главен организатор на Светското првенство бил Грофот Владимир Оц, визионер кој емигрирал во Аргентина во 30-тите години.

Филмот е "оживеан" и со ретки снимки кои и денеска постојат од турнирот и кои докажуваат дека и покрај тоа што големите светски сили војувале, во Јужна Америка се играло фудбал. Селекциите освен со некои професионални фудбалери биле составени и од војници, инженери, разни работници и мигранти од половина свет.

Документарецот е направен во 2011 година, а беше прензентиран на Фестивалот во Венеција како и на многу други италијански и интернационални фестивали. Покрај прикажувањето на слики и исечоци од весници од тоа време, интервјуирани се некои сведоци од настаните, но и големи имиња од светот на културата и фудбалот како Роберто Баџо и Хорхе Валдадо.

Преку документарецот е прикажана италијанската фудбалска репрезентација која немала допирни точки со фашизмот на Мусолини, потоа германскиот тим кој бил составен од Нацисти кои не биле филозофи, туку само војници, а тимот Мапуче пак бил полн со енергија и ентузијазам.

Прикажана е разликата помеѓу тогашното и сегашното модерно време во фудбалот предводен од моќните луѓе, како и корупцијата и политиката која се мешала отсекогаш во спортот.

Во финалето се сретнале Мапуче и Нацистите или доброто против злото, а во недостиг на докази и снимки за кои се претпоставува дека ги уништил Хитлер, по една деката се открива дека домородското племе од Мапуче е светскиот шампион во 1942 година.

19 јуни 2013 - 13:19