Интересно Ерик Јанжа бил стрелец на гол против Данска и неодамна во квалификациите за Евро 2024.
„Знаевме дека нè чека тежок натпревар со Данска и имавме низа проблеми во првиот дел. Успеавме да се прибереме и се изборивме за реми. Кога топката ми се доближи, само ги затворив очите и шутнав со сета сила која ја држев во ногата. За среќа топката заврши во нивната мрежа. Ова е прв чекор за нас на Еуро, сега не чека тежок дуел со Србија но патот кон следната фаза ни е отворен“, рекол јунакот на Словенците.
А убава приказна е и со најдобриот играч на мечот, Кристијан Ериксен кој постигна гол за својата Данска како капитен. Тој на Еуро 2021 го преплаши светот кога доби срцев удар и се сруши на сред терен за време на натпреварот на кој Данска беше домаќин. Од тогаш се врати на терените и одново е меѓу најдобрите европски фудбалери.
Синоќа постигна гол и доби награда за најдобар играч на мечот: