60 фудбалери кои вредат 2 милијарди фунти

Летниот преоден рок пред 4 години се уште го држи рекордот по најскапиот трансфер во историјата на фудбалот кога Роналдо ги засили Кралевите за сума од 94 милиони евра. Само еден играч во моментов е највреден на пазарот и тоа двојно повеќе од него, но за сега никој не се осмелува да ја достави таа понуда.

Истражувачкиот центар од Швајцарија (ЦИЕС) кој во поледно време често прави анилизи кој како и колку троши пари на засилувања, овој пат состави интересна листа со највредните 60 фудбалери од најквалитетните 5 европски лиги.

Табелата, Швајцарците ја направиле со пазарната вредност на фудбалерите според должината на договорот кој го имаат со клубот, позицијата на која играат, возраста и искуството, а сето тоа се однесува на сезоната 2012/2013.

Интересно е што помеѓу 60-те најскапи играчи нема ниту еден фудбалер кој чини помалку од 20 милиони евра. На прво место е освојувачот на четирите „Златни топки" Лионел Меси кој има енормно голема вредност помеѓу 217 и 253 милиони евра, а зад него е неговиот ривал Кристијано Роналдо кој се уште е најскап трансфер во историјата, а сега вреди помеѓу 102 и 118 милиони евра.

На високото трето место се наоѓа напаѓачот на Наполи, Единсон Кавани кој чини помеѓу 57 и 68 милиони евра и за кој постојано се пишува дека летово ќе си замине, а листата на топ 5 највредни играчи ја дополнуваат Еден Азард и Серџо Агуеро. На последното место се наоѓа Лукаку од Челси кој чини помеѓу 22 и 26 милиони евра.

Овие 60 играчи кои според вредноста се најскапи во најсилните 5 европски лиги вкупно вредат 2 милијарди фунти. Прецизните Швајцарци листата ја направиле во евра и фунти.

18 јуни 2013 - 14:35