Bookbox

Сликарот во Мајлс Дејвис

Иако од време на време си ги дизајнирал кориците на албумите, Дејвис не почнал да црта и слика до средината на своите 50-ти. Но тогаш, во период на музичка пауза, станал опсесивен во своето ново хоби.

80 нешта за Боб Дилан на неговиот 80-ти роденден

Денес е ден на сесловенските, но и на уште еден, музички просветител. „Бев многу постар тогаш, сега сум подмладен“, пеел тој на 23 години. И со оглед на темпото на работа, не делува како да влегува во деветата деценија.

Сите Французи на 18-годишна возраст добија пропусница од 300 евра за културни настани

По тест период спроведен во 14 области во Франција, сега новата пропусница за млади која важи за влез во музеи, посета на изложби, претстави или концерти ќе почне да се применува и на национално ниво.

Ние не сме едно нешто, ние сме мрежа од нешта

Кој сум јас? Дали сум мојата ДНК или производ на моето воспитување? Колку можам свесно да се променам? Дали може да имам повеќе од еден идентитет? Ова се релевантни прашања, но можеби ги поставуваме од погрешна перспектива.

Секој ден е ќар: кратка историја на подолгиот живот

Нова книга на Стивен Џонсон, која е истовремено и документарна серија на Пи-би-ес, ја истражува науката и медицинските иновации кои имаат победено некои од најсмртоносните болести, и го имаат удвоено траењето на човечкиот живот.

Aнус - колку тоа негордо звучи

Најзасрамувачкиот човечки орган всушност е еволутивно чудо. И не заслужил да биде користен за навреди како „шупак“.

Заштитете си ги книгите - со клетви

Во средниот век правењето книга подразбирало години и години работа. Писарите се кичмеле над ракописите, осветлени само од природно светло - свеќите биле преголем ризик - и минувале часови и часови секој ден рачно испишувајќи букви. Нормално дека биле ифрит лути ако некој им ја уништел или украдел завршената книга. 

Штир, стратор, амарант: забранетата божја „житарка“

„Искрварена љубов“, „кадифено цвеќе“, „лисичја опашка“ - ова се некои од меѓународните имиња на растението кое кај нас е познато како штир или стратор. Забранувано со строги закони кои предвидувале сечење на рацете на оние кои го саделе, тоа е опевано во поезијата на романтичарите, како симбол на бесмртноста.

„Шлапкање“, „срк“ - децата побрзо учат зборови чиј звук е близок со нивното значење

Значењето на некои зборови се поврзани со нивниот звук. На пример „шлапкање“ е поврзан со звук кој реално се произведува доколку се шлапка (во вода, во кал), а „срк“ е приближно звукот кога нешто се срка од лажица, без грижа за бон-тонот. Според нова студија, ваквите зборови децата ги учат побрзо од оние другите.

Нова дигитална валута - пари за сите живи суштества

За да се спаси планетата потребна е нова економија, која ќе ги земе предвид животните, дрвјата и другите видови живот на планетата.

Конечно: замислуваш дека пишуваш, а компјутерот сам куца

Иако е наменето пред сè за луѓе со хендикеп и парализа, ова средство многу добро би ни се нашло и нам. Со него само се замислуваат пишувани пораки, а пар електрични сензори ги претвораат мислите во компјутерски знаци.

Даниел Канеман: Вештачката интелигенција ќе победи

Психологот-нобеловец, автор на бестселерот „Размислување брзо и бавно“, има нова книга која продолжува онаму каде што застана претходната - ги применува идеите за човечките грешки и предрасуди врз цели организации. И само таму гледа надеж за надминување на субјективноста и предрасудите. Иако не е баш оптимистички настроен.

И мршојадците ги апсат, зарем не?: животни обвинети за шпионажа

Белоглави мршојадци со џи-пи-ес апарати за следење. Тим верверички. Па дури и едно маче. Сите овие биле обвинети за џејмс-бондовски активности. 

Фамилекти: нашиот таен домашен сленг

Кога луѓето делат одреден простор, нивното колективно искуство може да резултира со посебен речник, па така микробранова да се вика „Чернобил“, а далечинско - „онаквото“.

Русија брза да сними филм на Меѓународната вселенска станица (пред САД)

Aктерите за новиот руски филм „Предизвик“, кој ќе се снима на вселенската станица ќе бидат лансирани во ракета од космодромот Бајконур на 5 октомври оваа година. Истовремено, сличен проект најавија НАСА и Том Круз. Вселенската трка изгледа повторно почнува.

Мeриен Фејтфул чекори со убост и на 74

Комбинација на поетско рецитирање и музика, „Чекори таа со убост“ е нов албум на Фејтфул во соработка со Ворен Елис, Брајан Ино и Ник Кејв. Тој е израз на нејзините животни премрежја, од кои последното беше тешката борба со Ковид-19.

Приказната за Мајк, петелот кој живеел без глава

Во македонскиот за некој збунет и расеан велиме дека е „како мува без глава“. Оваа приказна е за едно малку поинакво суштество, кое и без глава функционирало „нормално“ и поживеало цели 18 месеци.

Дали медиумите треба да го опишуваат светот или да го поправаат?

Законот на Хјум, познат и како „Хјумова гилотина“, вели дека од чисти факти не можат да произлезат морални ставови. Тенденцијата на современото новинарство, под притисок на социјалните медиуми, да ги меша „Е“ со „ТРЕБА ДА Е“, создава хаос, и во известувањето, и во градењето ставови за фактите.  

Фуснота: колку тоа сериозно звучи

Фуснотата за едни е непотребно оптоварување на текстот, што не мора да се чита. За други таа е доказ за упатеноста и чесноста на авторот. Разговорно, пак, да си „фуснота“ (на пример на историјата) значи да имаш маргинално значење. 

Зошто филмските ликови никогаш не велат „чао“ на телефон?

Некако ни е јасно дека ако сите филмски телефонски разговори би започнувале со вовед и би завршувале со реален епилог (како нашите традиционални „ајде“...„да, да“...„ајде“...„ќе се чуеме“...„да, да“) тогаш филмот би поминал само во такви монолози. Ама баш никој да не се поздравува ко човек на телефон делува некако грубо.

Малиот календар: историја на невенот

Околу Медитеранот невените (calendula officinalis) се одгледувани како лековити растенија од праисториски времиња. Она што не е толку познато е потеклото на нивното латинско име. Како и тоа дека можат и да се јадат, како додаток во чорби и салати.

Од каде 37°C е „нормална“ температура на човечкото тело?

Мерењето температура стана дел од протоколите во текот на пандемијата, на влез на институции, авиони, училишта. Магичната бројка која одредува дали сте ок или не е 37 степени Целзиусови (98,5 по Фаренхајт). Од каде потекнува овој стандард и дали е воопшто релевантен денес?

Додека ние бришеме: речникот на француски јазик додаде рекорден број нови зборови

Asymptomatique (асимтомпатичен) и télétravailler (работник од дома) се меѓу дополнувањата на најзначајниот речник на францускиот јазик, чие ново издание рефлектира лингвистичка динамичност без преседан.