Bookbox

Kaко експерименти со глувчешки утопии довеле до мрачни предвидувања за иднината на човештвото

Да, добро прочитавте - глувчешки утопии. Експерименти во кои им било давано неограничено количество храна и вода, па дури и интимни „апартмани“. Сето ова за проучување на ефектите на густината на населението врз однесувањето. 

Татата-татата: приказната за една музика за чекање

„Чекачка музика“ е онаа што ја пуштаат на линиите на кои обично се јавуваме со жалба, поплака или прашање, и која нè нервира бидејќи колку повеќе трае, толку повеќе губиме од скапоценото време. Еден човек се з’гнал да дознае која е мелодијата што постојано ја слушал кога се јавувал по лекари.

Брана меѓу нас и неизвесноста: нова книга за непостоењето идеален карантин

Федерален карантин отворен непосредно пред пандемијата - со само 20 кревети. Рудници за сол, изолирани острови, обезбедени скривници. Обиди човештвото да се самоизолира, од себе и од морничавите „други“. Оваа нова книга покажува дека тие напори се залудни.

„Око за око“: групата која сакала да отруе милиони Германци како одмазда за холокаустот

Педесетина млади мажи и жени по Втората светска војна планирале да ги контаминираат изворите на вода во повеќе германски градови и да ги отрујат воените затвореници во сојузнички камп близу Нинберг.

Загубениот албум на претседателот на Замбија, Кенет Каунда

И во револуционерните 1960-ти, герилецот Каунда шетал наоколу со точак и гитара. Често знаел политичките пораки да ги вметне во песни. Сега е пронајден албум од 2005, со кој се обидувал да ги образува младите во врска со ХИВ.

Британскиот музеј влегува во светот на „незаменливите токени“ (NFT)

Дојде време и големи национални музеи, кои во принцип се сметаат за конзервативни и потешко прилагодливи на новите трендови, да почнуваат да ја користат новата дигитална „валута“. Штом е така, значи навистина е сериозно.

Зошто толку многу филмови и серии се случуваат во хотели?

Од „Сјаење“, преку „Девет совршени туѓинци“ до „Белиот Лотос“, хотелот е прилагодлив контекст, во кој е многу лесно да се постави лепеза од различни ликови.

Полинезискиот „принц“ кој станал ѕвезда во Англија

Нова книга на американски историчар е инспирирана од животот на Маи, првиот островјанин од Пацификот кој ја посетил Британија во 18 век.

Moраме ли да спиеме?

Зошто треба да се ставаме во потенцијално опасна ситуација - да сме несвесни за околината неколку часови ноќе - која ни троши околу третина од возрасните животи, и повеќе од детството? И не само што не се буниме, туку заедно со кучињата, лавовите и речиси секое друго животно, уште и уживаме во дремење и длабок сон.

Зошто Толстој го мразел Шекспир?

Да кажеш за Шекспир дека е „мех“, па дури и дека го мразиш, е рамно на богохулие. Оние кои отпорашки се изјасниле на овој начин заслужуваат почит, ако ништо друго поради нивната храброст да му контрираат на големото мнозинство.

Германскиот „град на слепите“

Марбург во Германија се гордее со тоа што е „Блинденштад“, град кој се има прилагодено на потребите на слепите и на оние со оштетен вид. Но оваа репутација се должи на едно особено иновативно училиште.

И Чак Паланиук со нов серијализиран роман на Сабстек

Њузлетер платформата однапред му плаќа на Паланиук за книга под наслов „Позелени пасишта“ (Greener Pastures), без никакви обврски околу тоа што и како ќе пишува.

Кажи ми најгрд кој е: натпреварот за најбизарен објект во Кина

Во Кина повеќе од една деценија се организира натпревар за 10 најгрди објекти во земјата. Меѓу нив има некои кои се навистина такви, но истовремено се шармантни во својата неубавост.

Француската пијанистка која издаде албум на 107 години

Колет Маз свири пијано од петгодишна возраст. Сега има 107 и тукушто го издаде својот шести албум. Кога била мала родителите не ѝ дозволувале многу-многу да вежба, за случајно да не стане професионална пијанистка.

Свирете џез додека куцате

Ц-цкањето по тастатура, со чест на ислучоци, главно е за банални мејлови, ексел таблици или гуглања. Кој рече дека истото не може да создава баш фина музика.

Ник Кејв ќе објави мемоар за шесте години по смртта на синот

„Вера, надеж и масакр“ ќе се осврне на начините на кои Кејв се справил со очајот по несреќниот случај во кој загина 15-годишниот син на Кејв, Артур.

Лаура Баси - првата жена на светот вработена на универзитет

Иако одреден број жени можеби се занимавале со наука или филозофија, до 19 век на мал број од нив им било дозволено да учествуваат во работата на академските институции и научните друштва. Меѓу нив била физичарката Лаура Баси.

Што значи „Аотеароа“ - новото име кое Маорите го бараат за Нов Зеланд?

Партијата на домородното, маорско население на Нов Зеланд неодамна покрена петиција за промена на името на државата, како симбол на обединување. Но која е етимологијата на називот кој тие го бараат?

Првата веб-камера била измислена за да контролира - машина за кафе

Интернетот онаков каков што го знаеме денес почнал со кафемат. Можеби звучи претерано, но во ова има зрно (кафе) вистина.

Опсесивниот ловец на плагијатори кои пишуваат на германски

Стефан Вебер има уништено кариери на политичари и интелектуалци, па дури има и создадено вносен бизнис во својот поход да им стави крај на кражбите на идеи и текстови.

Мултимедијалeн фестивал Артерија/ArtArea #5

Од денес, 14.9 (вторник) до 19.9 (недела) во кафе-книжарница „Буква“.

„Македонците се на рана да ги ставиш“

Деновиве во Скопје престојуваше српскиот писател со живеалиште во Белград и во Лисабон. На Саемот на книгата беше промовиран трет превод на негова книга на македонски. Еве ги неговите впечатоци за нас и нашиот главен град. 

Лепи Јовица и Жан-Пол Белмондо

Кога ќе почине славна личност тоа е повод да се потсетиме и на некои други биографии, на луѓе кои не биле толку видливи, но сепак биле големи во она што го правеле.