Флоксиносинихилипилификејшн е термин кој означува проценка на нешто како безвредно. Иако звучи како нешто што би се користело ретко, тој сепак искрснува тук и таму, ако ништо друго како вербална акробатика и како потсетник дека тој воопшто постои.
Но кое е неговото потекло? Во 18 век колеџот Итон имал учебник во граматика во кој биле наведени група зборови од латинскиот кои означувале нешто со мала вредност или без вредност. По редослед тие биле flocci, nauci, nihili и pili.
Ова звучи како песничка, па некому му текнало да ги спои сите четири и на крајот да им додаде едно - фикејшн. Така е создадена именка за чинот на одлучување дека нешто е тотално безвредно. Првата забележана употреба е во писмо од 1741 на Вилијам Шенстоун, англиски поет и еден од најраните пејзажни градинари, каде опишува некој пријател: „Кај него најмногу го сакав неговото флоксиносинихилипилификување на парите“.
„Флоки“ доаѓа од латинското „флокус“ што во буквална смисла значи грст волна, или фигуративно, нешто тривијално; „пили“ е од „пилус“, влакно, нешто тотално незначајно; „нихили“ е од „нихил“ - ништо, а „науси“ значи безвредно.
Во Гинисовата книга на рекорди овој збор долго време бил наведуван со коректорска грешка - п како седма буква. Но тој бил најдолг во првото издание на Оксфордскиот речник на англискиот јазик, а сега е на второ поради (подгответе се): пнеумонултрамикроскопиксиликоволканокониосис (во оригинал 45 букви), болест на белите дробови иницирана од дишење многу ситни честици прашина и пепел кои се наоѓаат околу вулканите.