Кога Ерик Сати ги фотографирал Дебиси и Стравински

Двајца големи композитори пред објективот, еден зад него. Портретот е датиран на почетокот на 1910-тите, а на него освен двата лика се гледа библиотеката и репродукциите на јапонски графики во работната соба на Дебиси, во чиј дом е направена фотографијата.

Во 1910-тите во Париз имало две битни музички изведби, обете на „Бале Рус“ (Ballets Russes), трупа која и покрај своето име никогаш не настапувала во Русија, туку по формирањето во Париз во 1909 цели дваесет години постојано патувала низ Европа, Северна и Јужна Америка. Станувало збор за балетот „Игра“ на Дебиси и „Посветување на пролетта“ на Стравински, поради што двајцата композитори биле присутни во Париз. Настанот бил искористен за тие да се запознаат, и меѓусебно, и со својот колега Ерик Сати.

На овој начин е посведочено синхроното присуство на трите генијални музички умови на едно место и во исто време, како и фактот дека некое време пред да ги заладат односите Дебиси и Сати изгледа биле во добрите. Подоцна ривалството помеѓу нив изгледа се зголемило бидејќи, барем според легендите, Сати во јавност постојано ѝ давал предност на музиката на Равел за да го нервира Дебиси, а пак овој чувал најевтино наливно вино за Сати секогаш кога овој ќе му дошол на гости. Недоразбирањата најверојатно започнале по оркестрацијата на „Гимнопедиите“ на Сати од страна на Дебиси, кои на тој начин станале попопуларни, но Сати сметал дека не бил доволно финансиски компензиран за отстапувањето на правата. A по наше, и онака пијано верзиите се многу поубави.

извор

25 јули 2022 - 14:59