Bookbox

Буковски на персиски

Ете, дојде и тој момент, некое момче од предградијата на Техеран да може да го прочита Хенк на својот мајчин јазик. Освен ако не го цензурираат до непрепознатливост. Истото важи и за поезијата на Силвија Плат.

Кога Бeроуз му фрлил клетва на Капоти

И двајцата како табиети не биле цвеќиња за мирисање. Имале и долга меѓусебна историја на професионална завист и неподнесување. Но едно писмо на Бероуз јасно покажува до каде била дојдена работата.

Неколку работи што можеби не сте ги знаеле за Ричард Атенбороу

Вчера, 24.8, на 90 години почина лорд Ричард Атенбороу, актер, режисер-оскаровец и постар брат на природонаучникот Дејвид. Неколку нешта за неговата богата кариера и долг живот во кој доживеал и успеси, но и трагедии. 

Книжевни референци во песните на Лана дел Реј

И покрај нашата конзервативност кога е во прашање нова музика, признаваме - Лана дел Реј има „нешто". Меѓу другото, нејзините стихови содржат и куп книжевни референци.

„Гнаса" (Filth, 2013)

Четвртото издание на филмскиот клуб го посветивме на филм правен според книга на Ирвин Велш, чии романи се како создадени за филмски „трипови". Еве како нè бендиса овој.

Како да прикажеш дигитални преписки на филм?

Еден од современите предизвици на филмскиот медиум е да најде асален начин да прикаже дигитално примање и испраќање пораки, по мејл или по СМС, без да го нарушува дејството. Некои од досегашните примери се катастрофални, други многу креативни.

„Луѓето од Њујорк" во нови контексти

Пред некое време пишувавме за Брендон Стентон и неговите фото-портрети на жителите на Големото јаболко, кои придружени со кратки приказни за нивниот живот привлекоа огромно внимание. Сега тој почнува нов проект, со слична содржина, но во области погодени од војна и сиромаштија. 

„Не читај книги!" - зен песна од 12. век

Иронично е во рубрика која се вика Букбокс да објавуваме песна против читањето книги. Но во случајов не е важно против што е песната, туку за што е за.

Машина за чукање која претвора реченици во звук

Додека технолошкиот напредок незапирливо влече на една страна, ретро ентузијасти се обидуваат да искажат почит кон старите направи, со тоа што ги спојуваат со новото и ги пренаменуваат. Ова е една таква машина за пишување, претворена во музичка кутија. 

Најгласниот збор во рокенролот

Не е ни именка, ни глагол, ни придавка, туку е - член. Англиското "The" пред имињата на бендовите речиси еден век од нив прави сериозна институција.

Војната меѓу Амазон и Aшет: кој продава, а кој создава книжевна култура?

Веќе подолго време во издавачкиот свет се води вистинска војна помеѓу Амазон и еден од најголемите европско-американски издавачи Ашет (Hachette). Ако на почетокот и не беше баш најјасно во што се состои конфликтот, сега веќе е - дека не се работи (само) за натегање околу пари.

Дали сте „мажјаснувач“?

Еден англиски збор којшто беше сосема нов во 2008, шест години подоцна влегува во Оксфордскиот онлајн речник. Ако потрае неговата употреба, како и појавата која ја опишува, неговото место во сите идни изданија на речникот е загарантирано.

Песна на Коен во слајдови

Како да сведеш стихови на статистика, дијаграми, булети и слајдови? Направи Пауер Поинт од неа - гарантирано ја одзема магијата дури и од најпоетичната изјава.

Необичната поврзаност помеѓу Витман, Валас и Вилијамс

Дејвид Фостер Валас, еден од најиновативните американски писатели на 20. век, си го одзеде животот со бесење во 2008. Во 2014 истото тоа го направи славниот Робин Вилијамс. Освен трагичната судбина, нив ги спојува и еден поетски лик - оној на Витмановиот капетан.

Како да се пушташ на книгољупци?

Инспирирани од сличен пост на Базфид, направивме наши верзии. Искористете ги во некоја прилика, сигурни сме дека ќе ни бидете благодарни. 

Апликација за чукање на машина на Том Хенкс

Hanx Writer го симулира искуството на старите машини за чукање, но го oлеснува и го забрзува како да пишуваш на Ајпад. Хајлајц: прави ШК-ШК, ЅИН и ФТ-ФТ.

3-Д печатени книги за деца со нарушен вид

„Добра ноќ месечино" е тн. „тактилна" сликовница, во која сите слики - часовници, глувчиња и куќички - се рељефно испакнати, овозможувајќи со допир лесно да се детектира нивната форма.

„Љубовниот тепих" на Хемингвеј

Денешните стандарди за убавина велат дека згоден маж е оној чии гради се тасма депилирани. Но во времето на Хемингвеј да му кажеш некому дека не е доволно влакнест било удар по неговата машкост. Кога истото било поврзано и со критика на нечиј книжевен стил, тогаш тоа станувало причина за физичка пресметка.

Зошто е тешко да си сам свој коректор?

Чувството го знае секој оној кој манично се труди да нема грешки во неговите текстови. Го ц'цкаш, го препрочитуваш, и го објавуваш сигурен дека не ти се измолкнала ниту една буква. Но првиот читател веднаш ја забележува грешката за која ти при очи си бил слеп.

Што гледаме додека читаме?

Пред некој ден пишувавме за „слушањето гласови" додека се чита. Но што е со гледањето слики? Еден познат дизајнер на корици го истражува ова прашање во книга со токму таков наслов.

Ноќна прошетка низ Тејт со робот

Од утре, 13-ти август, па во следните пет вечери, со логирање преку интернет ќе можете да талкате низ галериите на британскиот музеј, контролирајќи еден од четирите роботи.

Трагичниот лик на комичарот

Случајот на самоубиство поради депресија, што во моментов се наведува како најверојатна причина за смртта на славниот актер, е повод да се потсетиме на старата вистина - дека исцртаната насмевка на лицето на кловнот, всушност ја крие неговата тага.

Дали слушате гласови додека читате?

Едно неодамна започнато истражување ќе се обиде да даде одговор на тоа дали и како читателите го слушаат она што го кажуваат ликовите во книгите. Ако и вам ви се случува ова (а немојте да кажете дека не, затоа што тогаш ќе се чувствуваме чудно) одговорете на прашалникот и учествувајте во него.

Сликовница за џез музичарот кој тврдеше дека е од Сатурн

Музички визионер кој мислел дека е вонземјанин, човек кој самиот себеси се нарекол според египетско божество - на стогодишнината од раѓањето на Сан Ра многумина му ја оддаваат заслужената почит. Меѓу другото и со објавување книга за деца за неговиот лик и дело.