Издавачот Саразамин-е-Аурај се подготвува да издаде збирка песни на Буковски кои се промовираат како љубовни, а преводот на персиски е на писателот Алиреза Бенам. Тој ја има препеано и Силвија Плат, чија книга ќе биде објавена истовремено со оваа на Буковски.
Лошата вест во случајов е што книгите во Иран мора да добијат одобрување од Министерството за култура и исламско насочување, чии строги критериуми за издавање особено се однесуваат на еротски содржини. Ваквите книги или се забрануваат, или од нив се исфрлаат неподобните делови. А во случајот со Буковски поедноставно изгледа е првото.
Во еден од таквите случаи, во насловот на иранското издание на романот на Маркес „Спомени на моите тажни курви", зборот „курви" е заменет со „срцки" колку да се добие дозвола за објавување. Но откако книгата веќе изглегла, Министерството сепак издало забрана за нејзина продажба, со образложение дека таа промовира проституција. Но ваквата забрана излегла меч со две острици, бидејќи дури тогаш иранската публика се заинтересирала и таа достигнала двојна цена на црниот пазар.