Кога се запознале, на почетокот на 1940-тите, Бароуз бил на работ на егзистенцијата, а Капоти подработувал во Њујоркер. Но набргу, по објавувањето на неколку раскази во Harper's Bazaar и други списанија, кариерата на Капоти почнала нагло да се развива. Бароуз и неговите другари-битници го исмевале во приватните писма. Во едно до Гинзберг, Керуак го опишал пишувањето на Капоти како „срање на секоја страница", а пак кога била објавена „На патот" на Керуак, Капоти изјавил дека тоа не било воопшто пишување туку - чукање на машина.
Но кога во 1962 конечно била објавена „Голиот ручек" во САД, три години по нејзиното појавување во Франција, Бероуз станал книжевна икона. Истовремено Капоти работел на според многумина неговото најдобро дело, Ладнокрвно убиство (за која пишувавме тука). Споредувајќи ги двата романа во интервју за Плејбој, Капоти изјавил:
„Ладнокрвно убиство е најавангардната форма на пишување кое постои денес (...) креативната фикција го достигна својот експериментален максимум. Секако, имаме писатели како Вилијам Бероуз, чиј бренд на вербални површински занимливости е интересен и повремено фасцинантен, но таму нема основа за напредок".
Така, кога Бероуз го ставил пенкалото на хартија во 1970, веќе му имал доволно собрано на Капоти за да му плесне сè в лице. Особено му замерал на неговиот однос кон главните ликови на инаку реалните убијци Дик Хикок и Пери Смит, чија приказна всушност ја раскажува романот. Бероуз секако не е единствениот кој тврдел дека целата работа е класична манипулација на позицијата на „субјектите", за чија одбрана Капоти не сторил речиси ништо, туку напротив изгледал како да сака да бидат егзекутирани, со што си обезбедил силна и трогателна завршница на книгата.
Но Бeроуз оди и чекор понатаму, тврдејќи дека Капоти всушност во случајов не работел ниту како репортер, ниту како писател, туку како класичен полициски поткажувач и поддржувач на еден неправеден систем:
„Ти ги стави на располагање своите услуги на интереси кои ја претвораат Америка во полициска држава, со едноставно но намерно поддржување на условите кои се и причина за криминалитетот, а потоа и со барање за зајакнати полициски моќи и задржување на смртната казна како средство за излегување на крај токму со ситуацијата која тие ја имаат создадено.“
Во неговиот познат тину-нину стил, Бeроуз дури и фрла клетва:
Го имаш предадено и продадено талентот кој ти е даден. Тој сега и официјално веќе не важи. Уживај во валканите пари. Никогаш нема да имаш ништо друго. Никогаш нема да напишеш ниту една реченица над нивото на „Ладнокрвно убиство". Како писател си готов. Толку имам да кажам.
Клетвата на Бероуз изгледа фатила. По споменатиот роман тој се мачел да напише уште еден под наслов „Одговорени молитви", но го минал животот пиејќи, до смртта во 1984.
Целото писмо тука