Bookbox

Кој беше Дејвид Кар?

По 25 години во медиумите, 58-годишниот Дејвид Кар почина во редакцијата на Њујорк Тајмс, кадешто ја пишуваше понеделничката колумна „Медиумска равенка" (The Media Equation), посветена на телевизијата, социјалните медиуми и издаваштвото.

Опера посветена на Никола Тесла

Тројца славни уметници - Фил Клајн, Џим Џармуш и Роберт Вилсон подготвуваат театарски портрет, кој е исто толку визионерски колку и оној кому му е посветен.

Музичарот со 150 албуми, кој никогаш не постоел

Необична сторија за човек чијашто уметност наскоро ќе биде изложена во музејот Смитсонијан, а за кого не се знае речиси ништо. Освен дека прави измислени албуми, без музика, на црни картонски плочи. И дека не се вика Мајк.

Најубавите љубовни писма на сите времиња

Осигурителната компанија Бигл стрит финансирала анкета којашто требало да покаже кое љубовно писмо според Британците е најдобро на сите времиња. Победник, пред Черчил, Наполеон и Бетовен е - Џони Кеш.

50 нијанси неефикасен лубрикант

Eдна жена ја тужи авторката на еротскиот бестселер, затоа што производот што таа го промовира не ги овозможува рекламираните оргазми.

„Умна" корица којашто ги проценува вашите чувства

Колку пати сте ја чуле изреката „не суди за книгата според корицата“? Оваа го прави токму спротивното - ве суди вас, според вашата „корица“, односно според изразот на лицето. 

Прв роман на Кундера на англиски по 15 години

Kундера (85) со години немаше објавено ништо ново. Оттаму, преводот на англиски на неговиот нов роман „Празник на безначајноста" се смета за причина за прослава, рамна на „враќањето" на Харпер Ли.

Пссст! - се снима

Сцени од 70 различни филмови зипувани во помалку од три минути, на кои им е заедничка една работа: во нив некој зборува многу, многу тивко.

Фејсбук страницата којашто секојдневно постира една иста работа

Од 21 август минатата година, некој со чудна смисла за хумор секој ден на Фејсбук пушта една иста слика од италијанскиот пејач Тото Кутуњо. И дури и да немал уметнички амбиции, неговиот проект станува концептуален, и корисен за оние кои ги проучуваат социјалните мрежи.

Која била Гертруда Бел?

На тековниот Берлински филмски фестивал Вернер Херцог го промовираше својот филм, прв во неговата кариера кој е посветен на една - жена. „Кралицата на пустината“ поседувала неверојатна мешавина на желба за опасна авантура, научни интереси и сочувството за луѓето, а сето тоа зачинето со женски шарм и талент за задкулисни игри.

Дали книжевните осврти се уметност или јавен сервис?

Двајца соработници на Њујорк Tајмс дебатираат околу природата на пишувањето книжевни критики во медиумите. Дали нивните автори создаваат уметност, или вршат општествено корисна работа? Според нив - второто.

Единствениот вистински филозофски проблем

Кога ќе се спомне самоубиство, првата помисла е физичко, насилно одземање на сопствениот живот. Но има и друг, подеднакво страшен вид сопствено обезживотување - кога живееш механички, доживувајќи го светот само како сценографија. 

Kaко е пронајдено продолжението на „Да се убие подбивната птица"?

Вест на тукушто започнатата година во книжевните кругови е дека е пронајден необјавен ракопис на Харпер Ли, продолжение на нејзината славна книга од 1960, за којашто таа ја доби Пулицеровата награда.

Дали книжевниот секс треба да биде безбеден?

Дали од еротско романче очекувате истовремено да биде и прирачник за безбеден секс? Или таквите се читаат за да ѝ се даде оддишка на фантазијата, во која, да си признаеме, нема кондоми, ама ни секирации околу ХПВ и трето дете.

Дали може да се научи да слушаш музика?

Се разбира дека нема потреба да знаеш што е тоа „канон" или „арпеџо" за некое парче музика да те погоди право в срце. Но што ако има начин некој да ти го анализира нота по нота, а сепак да не ти го расипе, туку напротив да направи уште повеќе да го цениш?

Песна за една стрела

Поттикнати од статијата за „Брзиот стреличар што ја промаши поентата“, една стреличарска песна со два превода од наши читатели. 

Шелдон ќе го игра Господ

Џим Парсонс, младоликиот четириесет-и-кусур-годишник, кој брилијантно го игра Шелдон Купер во Big Bang Theory, сега ќе се соочи со уште голем актерски предизвик - ќе го игра Бог.

Kaко да спиеш со Џеф Бриџис

Нашиот сакан Бриџис знае кои се вистинските вредности во животот. Една од нив, предуслов за сите останати, е добриот сон. Овој албум би требало да ви помогне ако имате проблеми на оваа тема. А ако немате проблем со сонот, опушта како да сте биле на масажа. Пуштете на добри слушалки и уживајте.

Пет децении од вознемирувачкиот експеримент на Милграм

Во 1961, професорот по психологија на Универзитетот Јеил, Стенли Милграм, објавил оглас во весник: „Плаќаме 4 долари по час. Бараме 500 луѓе кои ќе ни помогнат да спроведеме научно истражување за меморијата и учењето". Повеќе од 50 години по неговиот озлогласен експеримент, научниците сè уште се фасцинирани од резултатите, иако немаат баш добро објаснување за нив.

Бесрамни фотографии

Секоја жена може да биде прекрасен пин-ап модел - ова е идејата зад „Бесрамна фотографија", проект започнат од Софи Спинел (Sophie Spinelle) во 2009.

Писателот и неговиот преведувачки „харем"

Дека односот помеѓу авторот и неговите преведувачи е сложен и длабоко интимен покажува и случајот со Сингер, којшто многу внимавал не само тие да се квалитетни, туку и да се - жени. Еден нов документарец се обидува да открие кои се овие „музи“, и да ја раскаже нивната приказна. 

Карим Абдул-Џабар напиша роман за братот на Шерлок

Првиот роман на големиот кошаркар ќе се однесува на еден мал, и неправедно маргинализиран лик, постојано во сенка на неговиот брилијантен брат. Веќе замисливме филмска верзија, и ги доделивме улогите.

Проѕевање во градот кој никогаш не спие

Себастијан Еразуриз е чилеански уметник кој живее во Њујорк. Тој цел јануари ги предизвикува неговите сограѓани да се проѕеваат, и тоа во „градот кој никогаш не спие". Бонус: видео за тоа како заработил пари од продавање (буквално) ништо.

Како да препознаеш примитивец?

Српскиот писател Филип Давид деновиве беше актуелен затоа што ја доби НИН-овата награда за најдобар роман, за книгата „Куќа на сеќавање и заборав". Но еден текст од негова постара книга од 1997 звучи неверојатно свежо.