Букбокс и Пепер ве канат на јубилејното, петто издание на „Фестивалот на јадење книги". Веќе знаете - донесете креативно и вкусно јадење или пијалок инспирирани од книга, книжевен лик или автор и конкурирајте за една од трите награди. Освен јадењето, кое ќе го донесете вие, ќе има и гага пијачки.
Истовремено, ќе ја промовираме Подвижната кутија-штанд за книги, изработена во рамките на програмата Креативни индустрии на Министерството за култура, а по идеи на учесници на работилница за нејзино дизајнирање одржана во рамки на Skopje Design Week. Понесете книга за размена, затоа што ние имаме собрано цел еден куп!
Новина - наградите оваа година, наместо жирито, ќе ги доделувате вие, на (ненаместени) ептен локални избори.
Минатогодишната галерија за потсетување и инспирација тука
ФБ настан тука
Ланското првонаградено дело: „Ориент експрес“ од Греам Грин од баклавички
Наградата - даска за сечење, со натпис „Даската што ви фалеше“