Иднината на литературата: анимирани цитати

Нова апликација, која работи во тандем со Фејсбук Месинџер, овозможува испраќање анимирани цитати од значајните книжевни дела на вашите пријатели. Името на апликацијата е прилично софистицирано: GIF Quotes.


Апликацијата
се промовира на следниов начин: „Поедуцирана верзија на обичниот гиф, кој наместо да се фокусира на подвижната слика потенцира популарни реченици од песни, книги, филмови и познати личности".

Дата базата може да се пребарува преку она „чувствувајќи се..." (благодарно, одлично, па дури и случајно - што и да значи ова), и така да се дојде до соодветен емоционален пандан на вашата состојба веќе опишан во уметноста, која како што вели популарниот цитат (за којшто додуша немаме гиф) го имитира животот. Оние кои се обиделе велат дека во моментов доминираат цитати од Хари Потер. Пребарувањето може да биде и преку 24 „сентименти", вклучително „благодарам", „добро завршена работа" и „те мразам".

Апликацијата е на Glose, стартап кој вели дека ја создава следната генерација на социјални платформи за е-книги, а дека нејзиниот производ „води кон книги, а читањето книги кон сè останато во животот".

Дали имаме нешто против ваква апликација? Генерално не. Освен ако ваквиот тренд биде не последица, туку причина за идни книжевни дела, пишувани со мислата да бидат соодветни за ваков формат. Нешто како ова:

18 април 2015 - 12:35