Во интервју за Ролинг Стоун, Нелсон објаснува дека неговата главна цел е квалитетен, чист и конзистентен производ, на чија етикета ќе има детални објаснувања за типот и очекуваните ефекти. Планирани се и посебни продавници, со менија за сите видови трева и со храна, засега само во Колорадо и Вашингтон. Но Нелсон е оптимист, и смета дека е само прашање на време кога и останатите држави ќе ја легализираат марихуаната.
„Толку многу сум купил, време е малку и да продавам", вели тој во видеото.
Истовремено, Вили сними и дует со уште една кантри легенда, Мерл Хагард. На видеото двајцата дедовци си пуфкаат, а песната е дел од цел нивен албум под наслов „Џанго и Џими", кој ќе излезе на 2 јуни.