Bookbox

Кога цитат од Леонард Коен служи за да опишеш бомбардирања како „убави“

Koга во 30 секунди во живо новинар три пати ќе нарече ракетна офанзива „убава“, тој си го бара. Кога притоа ќе искористи и стихови на Коен, е тогаш треба и да си го добие. 

Кои им биле омилени зборови на славните писатели?

Кои познат писател употребува најголем број клишеа? Дали има нешто заедничко во начинот на којшто се напишани големите книги - класиците и современите бестселери? Дали мажите и жените пишуваат различно? Кои зборови постојано се повторуваат во нивните дела? Ова се некои од прашањата на кои се обидува да одговори нова книга.

Ер-инк: мастило направено од издувни гасови

Пронаоѓачот Анируд Шарма собира гасови кои содржат јаглерод од автомобилскиот сообраќај, за да го претвори во нешто корисно - црна боја.

Пeсната на Памела Андерсон посветена на Асанж

За благо збунувачките стихови на некогашната чуварка на плажата во епската поема која истовремено зборува за зеленчук, мобилни и загубената уметност на сексот пишувавме претходно тука. Сега таа повторно стана актуелна, со песна посветена на - Асанж.

Зошто постои срам?

Да немаш „ни срам ни перде“ во нашата народна мудрост означува дека си го загубил и последното човечко во себе - способноста да чувствуваш мешавина од нелагодност и вина за сопствените (погрешни) постапки, или просто дeка си дрзок и без осет. Но од еволутивна гледна точка срамот не е баш некоја предност. Зошто тогаш толку долго се задржал во човечката историја, иако изгледа дека денес губи на сила?

Академски списанија со лажни уредници

Во рубрикава толку често сме пишувале на теми поврзани со академското издаваштво што слободно може да отвориме посебна подрубрика. Ама пустото, има уште за пишување.

Веќе ни на речник не можеш да му веруваш

Како да наместиш ученици што мамат на матурски испит со тоа што препишуваат од интернет? Замени ги податоците онлајн со лажни. Барем тоа е лесно.

Мистериозниот „граматички одмаздник“ од Бристол

Наречен е „Банкси на интерпункцијата“ - коректор кој доцна ноќе ги средува натписите, рекламите и уличните знаци во неговиот град. По една деценија мистериозност, Би-би-си го откри и го сними.

Што е тоа „син хумор“?

Комедија која се занимава со тешки теми како расизам, сексизам, хомофобија и користи „мрсен“ и крајно некоректен речник се вика „сина“. Зошто?

Почина авторот на „Анархистичкиот готвач“

Вчера (30.03) се прошири веста дека починал Вилијам Пауел, авторот на „лектирата“ на куп анархисти, бомбаши, убијци и терористи. Замина на 66-годишна возраст, без да му се оствари желбата - неговата книга да престане да се издава. За неговата смрт всушност се дозна шест месеци откако се случила, од одјавната шпица на нов документарец за неговиот живот под наслов „Американски анархист“.

„Лејди Гага на француската математика“ во Македонија

„Во петок, 7 април во МАНУ ќе се одржи предавање на славниот математичар Седрик Вилани, под наслов Уметноста и математиката“, гласи поканата која некако стигнала во нашето сандаче. Темата, како и фотографијата со човек со свилена машна, брош во форма на пајак и стаклена кугла, кој сосема отстапува од стереотипниот лик на математичар, нè натераа да прочепкаме. Кој е тој Седрик Вилани?

Француски уметник ќе квачи јајца

Пред некое време голем број медиуми ја пренесоа веста дека еден уметник ќе помине цела недела вграден во карпа. Истиот тој сега има нов генијален проект - седење на десетина јајца додека од нив не излезат пилиња.

Како да прикажеш историја на филм?

Еден куп историски настани ги знаеме затоа што сме ги гледале преточени во филм, а не затоа што сме гледале документарни снимки од истите. Колку е голем јазот помеѓу овие две прикажувања на она што (наводно) се случило?

Крвав епилог на македонска свадба

Книжарница во Далас се сетила како да натера луѓе да читаат класични романи - ја претворила нивната содржина во лажни вести. Како нашиов наслов на кој можеби кликнавте не очекувајќи го Чернодрински.

Дали ние ја користиме технологијата, или таа нас?

Зборот „корисник“ во контекст на мобилни, компјутери или апликации дава лажно чувство дека тука оној кој е главен сме ние, корисниците на технолошкиот напредок кој ги овозможил истите. А дали е можно обратното, дека технологијата нè користи нас како услов за нејзиното постоење? Сè до моментот кога веќе нема да ѝ бидеме потребни, кога ќе нè шутне како потрошена батерија.

Шпионот кој ме матираше

Дописниот шах во Втората светска војна бил забранет од сојузниците. Причина: тој наводно бил користен како медиум за стеганографија, или криење тајни пораки во такви кои делуваат сосема обично. 

Закопај ги своите тајни (буквално)

Уметничката организација Creative Time, во соработка со француската концептуална уметница Софи Кал, започнува 25-годишен проект на гробишта во Бруклин. Насловот е „Тука лежат тајните на посетителите на гробиштата Грин Вуд“.

Пронајден мемоар на Дик Хикок, вистинскиот лик од „Ладнокрвно убиство“

Од објавувањето во 1966, славниот роман на Капоти има доживеано бројни фалби, но и критики. Сега, по вестите за можен ракопис чиј автор е еден од ликовите на „Ладнокрвно убиство“, приказната дополнително се комплицира.

Книга со налепници која ве поттикнува конечно да пораснете

„Овозраснив!: стикери за пораснати“ ги зема предвид сите банални, но доволно тешки секојдневни постигнувања, кои за многумина не се лесно совладливи. Нешто како книга за самопомош, таа е всушност албум со сликички, преку кои се навикнуваш на тешката задача да бидеш одговорно возрасен, и се самонаградуваш секогаш кога ќе успееш во тоа.

Чевличката на Пепелашка и други аналогии: нов речник на технолошки жаргон

„Енкрипција“, „анонимизација“, „машинско учење“, „нет неутралност“...Технолошкиот жаргон знае да биде комплициран за оние вон ваквите професии, на кои тие треба да им бидат објаснети како на петгодишно дете. На пример - со аналогии.

Погрешно преведениот збор кој доведе до најдобрите лажни вести на 20 век

И во 21-иот век „Марсовец“ е сè уште генеричко име за вонземјанин, бидејќи токму со оваа планета е поврзан и нашиот страв од непознатото, но и желбата за освојување нови светови. Едно лингвистичко недоразбирање ја има подгреано надежта дека таму навистина има живот.

Единствениот уметник кому не му е дозволено да ја користи најрозовата розова боја

Ова време минатата година пишувавме за тоа дека британска компанија произведе „Вантацрна“ боја и му даде ексклузивни права за нејзино користење на британско-индискиот уметник Аниш Капур. Тогаш сликарите низ светот остро реагираа на ваквото монополизирање на боја. Еден од нив сега се одмаздува, со добра смисла за хумор.

Пронајди го твојот древен двојник

Интересна музејска идеја, која додуша може да повлече дискусии кои се прелеваат вон областа на физичката антропологија. На пример, кој повеќе личи на Аполон, просечен Бугарин или Македонец? 

„Проблематична“ маичка од турнеја на Морисеј повлечена од продажба

На некогашниот пејач на Смитс не му е прв пат да западне во контроверзи. Во случајов на маичка што планираше да ја продава како сувенир на следната турнеја во САД тој има искомбинирано свои стихови со лик на познат црн писател и активист. А комбинацијата е отворена за толкувања.