Bookbox

Библиотека во Финска отвори караоке бар

Влегувате во Универзитетска библиотека, ви даваат бројче и клуч од посебна, речиси скришна просторија каде може да си пеете до мила волја. Си ја пуштате омилената од Силви бенд на караоке машината, и библиотеката одеднаш станува ваша сцена.

„Трамвајскиот проблем“ или за моралноста на моралните коментари

Еден онлајн тест кој  бара носење виртуелни одлуки кои реално никому не можат да му наштетат, всушност многу кажува за вистинските морални ставови на оние кои го решаваат.

Турските серии се правени по урнек на Аристотел

Една од основните карактеристики на тн. „сапунски опери“ се неверојатните пресврти во заплетот. Неочекувана појава на некој одамна умрен лик, на таен (и често зол) близнак, изненадувачки напад на амнезија...Сите овие се стандардни наративи во ваквите серии. Евтина забава? Аристотел не мислел така.

Измислени олимписки глаголи

„Глаголизирање“ (verbing) е процес преку кој именките почнуваат да се користат како глаголи на што, најблаго речено, не се гледа со симпатии од страна на оние кои се грижат за „чистотата“ на јазикот. Коментаторите на натпреварите на актуелната Олимпијада од англиското говорно подрачје масовно се обвинувани за ваквиот граматички грев. 

Како ги воспитуваат децата во Данска?

Нова книга ветува дека може да им помогне на сите родители „да ги пораснат најсреќните, најприлагодените деца на светот“, онакви какви што се малите Данчиња. Спојлер: успехот на потфатот подразбира и да се преселиш во Данска. 

Првата жена која се кандидирала за претседател на САД

Повеќе од еден век пред Хилари, Викторија Вудхол се обиделa да влезе во Белата куќа. Резултатот: била наречена „госпоѓа Сатана“ и испратена во затвор. 

„Почудни нешта“ и културата на 80-тите

Една од сериите за кои најмногу се зборува деновиве, чијшто успех се припишува на „факторот на носталгијата“. 

Кодекс силенда: книга која се чита решавајќи загатки

На Кикстартер во моментов е во тек кампања за донирање средства за една интересна книга, која за само дваесет дена собра четири пати повеќе пари од планираната сума.

„Банкомати“ за чувства

Во Нов Зеланд е поставен терминал сличен на банкомат, но кој не е за вадење пари, туку за со него да ги споделите вашите чувства.

Кога на Олимпијадата се делеле медали за уметност

Oд 1912-1952, во склоп на Олимписките игри биле доделувани медали за сликарство, скулптура, архитектура, книжевност и музика, вели единствената книга објавена на оваа тема, „Заборавените олимписки уметнички игри“.

Дали постои природно „зло“?

Разликата помеѓу катастрофи предизвикани од ентитети кои не можат да бидат одговорни за нивните последици, и такви за кои се виновни луѓето, е важна тема во историјата на филозофијата. Ваквата поделба претпоставува дека светот на „вишите сили“ и оној на човекот се независни, и дека постојат два типа зло, природно и морално. Kласично „иле“ кога треба некој да се оправда, од доцнење на работа, до жртви во земјотрес или поплава. 

Интелектуалците се фрикови

Луѓето кои специјализираат во анализирање идеи најчесто се екстремно атипични во нивните општества. Во статистичка смисла тие се необични суштества, фрикови. Во ова помагаат и популистите, кои ги прогласуваат интелектуалците (особено оние кои нема да ги придобијат за нивните каузи) за арогантни и себични „изроди“, кои се вон овој свет. Aма можеби вториве, колку и да претеруваат, се всушност во право.

Древната историја на мамење на Олимписките игри

Древните Олимпијци немале такви хемикалии какви што им стојат располагање на денешните спортисти, но тоа не значи дека не мамеле. 

Компанија што втиснува пепел од починати во винили

Вчера пишувавме за советските винили снимени на рентгенски плочи. Продолжуваме со нешто уште помузикално - кремирани остатоци претворени во албум.

Како истовремено да одиш и да читаш? (не на мобилен)

Не сме баш сигурни дека ова е вештина која би требало да се препорачува. Ама па ако луѓе паѓаат од карпи и се удираат од автомобили дур ловат Покемони, можете и вие малку да ризикувате читајќи книга по скопските улици.

Tajната историја на советските винили снимени на рентгенски плочи

Стивен Коутс десет години свирел низ Русија со неговиот бенд, а пред четири на бувљак во Санкт Петерсбург наишол на нешто што изгледало како музички албум изрежан на рентгенска плоча. Така почнал неговиот интерес за историјата на овој феномен - пиратирани плочи под име „коски“ или „ребра“ од времето на Студената војна, кои содржеле забранувана западна музика.

„Петар Пан“ е прикриена студија на детската душа

Џ. М. Бари е автор на класичната приказна за летачкото момче, кое не сака да порасне. Но иако на прв поглед ова изгледа како бајка, авторот бил всушност многу пред своето време во областа на когнитивната психологија.

Конечно филм за психијатрискиот случај кој бил еден од креаторите на Оксфордскиот речник

По скоро дваесет години откако се купени правата за филмот, Гибсон и Пен ќе играат во „Професорот и лудакот“, за човек кој своите 10,000 лексикографски единици ги испраќал во Оксфордскиот речник од - психијатриска болница.

Дали средовечноста е проблем?

Во последниве неколку месеци се појавија дури три нови книги кои се занимаваат со средовечноста како со проблем со кој човек (посебно жена) треба лавовски да се соочи. Ако средовечноста навистина „се паѓа“ во средина на животниот век, тогаш зошто се доживува како да е сосема близу до немоќта и до смртта?

Џон Кејџ за металци

Во историјата на музиката имало разни верзии на славните 4 минути и 33 секунди на Кејџ, но колку што знаеме не и ваквa. Ќе си речете тишина си е тишина, ама па жанрот си повлекува.

Кога деца на точак пренесувале дрога низ Америка

Во 1908 Луис Хајн (Lewis Hine), ангажиран од Националниот комитет за детски труд, почнал да ги фотографира децата-курири на велосипеди, кои пренесувале пораки и предмети до фирми, бордели и продавници. Целта била да се обелодени нивната експлоатација, како и да се види во каква средина растат.

Русите ќе му ставаат гаќи на Давид

Во центарот на Санкт Петерсбург неодамна е поставена копија од славната статуа на Микеланџело. Една повозрасна граѓанка се побунила затоа што е гол. Сега целата работа ќе оди на гласање.

Биографија за почит: Дејвид Ќелавиот Орел

Некролозите кои излегоа по неговата смрт го опишуваат како „актерот од Игра со волците". Но појавувањето во филмот со Кевин Костнер изгледа било најнеинтересното нешто што го направил овој човек.