Сигурно и вие имате некој таков пријател (главно се од машки род), кому саксијата што сте му ја подариле за реновираниот стан му има станато пепел, кој секој месец еве само што не извадил месечна за базен или не си го средил шифоњерот во кој има облека од основно. Оваа книга е за ваквите „доцни цутачи“, но и за млади луѓе кои допрва се соочуваат со обврските на самостојниот живот.
Секоја од мотивациските налепници се однесува на некоја значајна животна лекција, како правење список за купување (и навистина купување според истиот), соочување со шефот или оддржување пријателства. По секоја успешно завршена работа си се наградувате себеси со по еден стикер, а има и празни на кои можете да си напишете нешто што авторот не го предвидел а е специфично за вашата ситуација (на пример „мирно напуштив кафана по шестото пиво без да се осврнам на прекорите на другарите“).
Во книгата има 100 налепници со кои можете да си ги украсувате фрижидерот, роковниците или да си ги закачувате ко извиднички беџови на себе, честитајќи си што сте го поминале денот без да западнете во стандардните искушенија и без да побарате помош од мајката, сестрата, другарката или хаусмајсторот.
За оние кои сакаат да си ја купат, или да ја купат некому ко блага опомена („зборам ти стикер-буку, сети се другару“), за само осум долари тука