Offside

Една картичка на Купер Флег е продадена за неверојатни 8 милиони долари! Извесен Џејсон Вилијамс од Јужна Калорина ја платил оваа сума на аукција во куќата „Фанатикс Колект“ со што картицата на кошаркарот на Далас Маверикс стана трета најскапа кошаркарска картичка некогаш продадена.

На свадба му дошле тетки, братучеди, комшии и Нголо Канте

Во светскиот фудбал има аксиома: Нголо Канте е со сигурност еден од најскромните и најпријатните играчи, далеку од бурниот живот на суперѕвездите од насловните страни. Канте е људина.

Кога на Ибра ќе му го утнеш прашањето

Новинар од Аргентина го има на мегдан Златан, сега па кој знае кога. И на милион интересни теми, тој се обиде нешто да го гњави за Де Роси. Ни 10 секунди не успеа да го задржи. Златан го потепа со арогантно контра прашање.

Најнесмасниот автогол на годината

По ниту една логика вака не се расчистува топка. Па да ја оставеше ќе беше 100 пати попаметно. Несреќниот ни доаѓа од Аргентина, а овој лоб не се гледа повторно. Уникатна глупост е ова.

Кој што купи од Италијаните и колку потроши?

На 2 септември заврши летниот преоден рок кој остави силен белег во Серија А. На чизмата слетаа јаки фаци кои се очекува да го подигнат квалитетот на италијанскиот фудбал, како и да го зголемат интересот.

Бендтнер му попушта на голманов или?

Еден од најисмејуваните напаѓачи со сомнителни квалитети или солидни за Скандинавија, направи трансфер од Розенборг во Копенхаген. Дресовите во неговиот роден град се продале како алва, ама данскиот напаѓач на првиот тренинг се појавил со две леви нозе.

На Олимпијада 96 Роналдо играл под името Роналдињо зошто имало уште еден Роналдо

Фудбалот на Олимписките Игри 1996, а и секогаш, e една од најгледаните дисциплини, зошто практично сите репрезентации на Светското 1994 во Америка во своите состави имаа млади ѕвезди кои после се појавија на ОИ.

Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја во тетратка по коцки

Третиот читател од темата која ја отворивме летово насловена како Википедија во тефтер ни испрати детален материјал од СП 2002. Овој е поспремен од другите и го бива и за цртање.

Реал Мадрид бе, не Атлетико

Поминаа 14 години по еден од најневеројатните трансфери во фудбалска Европа, кога како гром од ведро небо се појави веста дека Реал Мадрид го доведува фудбалерот кој едноставно не беше тип на играч за „кралскиот клуб“.

Најболна навреда во историјата на шкотското дерби, навивач доживотно избркан

Фудбалерите на Селтик во неделата го победија најомразениот ривал Ренџерс на неговиот Ајброкс со 0:2 и со 12 бода се осамостоија на првото место.

Хајлајтс од шамарот на Федерер на УС Опен

По осум меѓусебни пресметки, Григор Димитров конечно успеа да го совлада Роџер Федерер и со тоа да направи огромно изненадување на четвртфиналето во Њујорк. Бугаринот губеше 2:1, но машки се избори за пресврт против швајцарскиот ас (6-3, 4-6, 6-3, 4-6, 2-6). Во еден момент пожртвувано направи и шпага за да му земе поен.

Браво девојко

Ги имаме Снајдер и Ван Перси, ама во женска верзија со една хируршки прецизна комбинација која не се гледа така често во женски фудбал. Секоја чест и за двете. Шах - мат им направија.

Малку фалеше за сензација на Светско, Америка се спаси со Турција

Кошаркарската репрезентација на Турција беше на праг од огромна сензација, имаше продолженија против фаворитот број 1 за злато, но на крај Џеди Осман промаши две клучни слободни фрлања.

Како ли да ви ги објасниме овие 10 секунди?

Среќа, карамбол, зицер од два метра итн, итн. Не можеш да и најдеш НЗС на акцијава во Португалија за играчи до 23 години. Како нема еден швенг од публика да им видиме реакција.

Како тоа носат засилувања, а истовремено спасуваат деца?

Неодамнешната Твитер кампања на Рома каде мислевме дека вработиле човек кој го бива само за хумор, излезе топ, ама ептен топ. Со други збори, многу е сериозна и уште повеќе корисна. На две семејства им го продолжија животот.

23.770 гледачи во чудо после потегот на Надал

На култниот стадион „Артур Еш“ на УС Опен, Рафа Надал го совлада шампионот од 2014-та Марин Чилиќ 6:3, 3:6, 1:6, 2:6 во сетови и закажа четвртфинале против Шварцман. Претпоследниот поен на мечот на Шпанецот беше најубав од досегашниот тек на турнирот. Најмногу му се израдува Тајгер Вудс.

Доказ зошто Конте е најголемо засилување на Интер

А на „Меаца“ дојдоа еден куп нови играчи и тоа звучни имиња како Ромелу Лукаку и Алексис Санчез, два светски напаѓачи кои стигнаа од најсилната лига на светот. Тифозите на Интер сметаат дека тренерот е најзвучно засилување. Еве и зошто.

Овој фудбалер може бракови да спасува

Во 8. коло од руската Премиер лига, најголемото изнендаување досега сезонава, Ростов, го совлада на гости Локомотив Москва со 1-2. Во 91’ минута од мечот гостинскиот стопер Чернов двапати лудачки ја спаси сопствената мрежа и осигура победа за Ростов.

23-годишен навивач на Сао Пауло паднал од највисоката трибина и летал 25 метри

На стадионот Морумби, 23-годишен навивач на Сао Паоло паднал од највисоките редови и летал скоро 25 метри до најдолната трибина. За среќа останал жив.

Ти голман си или напаѓач?

Ако сите голмани беа како Мануел Ноер, сите ќе беа дриблери и во шеснаесетник жива душа ќе немаше. „Рогај ја бе, не ја пимплај“ е златен маалски совет кој треба да важи и за Бугаринов.

Неверојатниот спринт на Кристијано Роналдо за 10 секунди

Има 34 години, возраст кога фудбалерите полека стигнуваат до крајот на кариерата. Ама не и Португалецот кој за 10 секунди истрча 92 метри со брзина од 33,12 км/час.

Расизам кон Лукаку фатен на дело во Каљари

Италијанскиот фудбал никако да раскрсти со расизмот и фашизмот кои цутат на некои трибини. Англичаните тоа го решваат по брза постапка, како во примерот со Стерлинг кога морони навивачи на Челси испуштаа мајмунски крици, на крај беа откриени и им беше изречена доживотна забрана за влез на стадионот. Во Италија од година во година расизмот е како добро утро. Особено во Каљари каде досега беа навредувани Мунтари, Матуиди и Мојзе Кеан.

Решена мистеријата дали е Хакет или Хекет

Даниел Хакет е еден од најдобрите плејмејкери во европската кошарка во последните неколку години. Годинава ја освои Евролигата со ЦСКА Москва, а претходно играше во Олимпијакос, Олимпија Милано, Сиена, Тревизо и Бросе Бамберг. Во моментов ја предводи Италија на Светското во Кина, а коментаторите начекаа прилика да ја решат дилемата околу изговорот на неговото презиме.