Од вкупно 24 можни бодови, Милан има освоено 10 и се наоѓа на 12-та позиција. Тоа е најава за уште една мачна сезона за Росонерите кои веќе во 8-то коло се појавија со нов тренер.
Но Стефано Пиоли имаше неславно деби против Лече и одигра само 2:2, резултат кој ако сака да оди напред, седумкратниот првак на Европа не смее да си го дозволи против вакви екипи.
Навивач на Милан почна една необична кампања бидејќи очигледно преку тасе му е дојдено. Кога видел дека Сусо е стартер и кај новиот тренер, почнал да свири константно во знак на протест.
„Сакав да му кажав на Милан, дека со оглед на тоа што не знам повеќе што да правам, се додека го гледам Сусо на терен, во знак на протест ќе возам низ град и ќе свирам постојано“, вели навивачот.
Освен “промотивно“, тој сними повеќе видеа во кои ги повикува сите навивачи на Милан да го поддржат протестот и да му се приклучат.
„Не се шегувам, продолжувам вака и ќе го прават тоа континуирано“.
На третото веќе е напизден бајаги
„Просто е, ако сакате да спиете, тргнете го Сусооооооооооо“.
„Ова е граѓански протест кој е неопходен. Јас ја преземам обврската и продолжувам, не ме интересира. Ако ме застанат веројатно ќе ме однесат во станица, каде ќе треба да ја објаснам зошто го правам ова. Ако продолжите да го играте Сусо, ќе треба да им објасните на властите во оваа земја, зошто сите свират“.
„Добар ден пријатели, добар дел Милан, само напред вака цела недела“.
Навивачов му се има насукано само на Сусо, а вистината е дека сите се дупиња. Вицепремиерот на Италија, Матео Салвини, кој навива за нив изјави дека овој Милан е смешен.