Offside

Тешка тема е ова на толку голмански легенди кои произлегоа во фудбалот, но за Џиџи нема дилеми околу првите три места.

Сторијата за браќата Лукаку кои учеле како да не бидат Касано и Балотели

Едниот е напаѓач, другиот крило и заедно се калеле во Андерлехт. Но Ромелу е далеку попознат без разлика што е само една година постар. Мајка им се молела додека живееле во мрак и ете ги сега и двајцата се во Италија, на второ и трето место на табела. Плус деца на место се.

Навивач на Бока падна во транс откако за прв пат стапна на Ла Бомбонера

Тешко е и да се објасни и да се сфати начинот на кој јужноамериканските навивачи го доживуваат фудбалот, бидејќи приказните и случувањата кои ни доаѓаат од таму, едноставно ги нема на друго место. Погледнете го навивачов на Бока Јуниорс, се изгуби и тоа уште не влезен целосно на Ла Бомбонера.

Знаете ли кога Џордан искршил табла при забивање во Трст

На 25 август 1985 година Најк организира егзибициски натпревар во Трст (Италија). Најголемиот на сите времиња посакал да игра против Бразилецот Оскар Шмидт, светски рекордер по број на постигнати поени за клуб и репрезентација.

НБА суперѕвездата што се вљуби во Јувентус

Донован Мичел, лидерот на Јута Џез и предводник на американската кошаркарска репрезентација на Мундијалот во Кина, пред неколку месеци имаше помалку чуден твит. Се заиграл фудбалче на Х-бокс и почнал да игра со Јувентус, ама како што новата ФИФА2019 доби забрана да го користи името на италијанскиот гигант кој потпиша договор со конкурентот PES, така Мичел не можел да го најде Јуве меѓу клубовите.

Елиф Елмас казнет 56.250 евра од газдата на Наполи

На прв поглед делува драконска казна, но ако се има предвид дека најверојатно станува збор за 2 неделна плата за многумина од казнетите играчи, тогаш полесно ќе им биде кога ќе ја видат сметката во банка.

Најубавите голови во деценијата од 2010 до 2020

Како што се наближува почетокот на 2020-та година, така полека може да се заокружи циклусот на најпознатите фудбалски погодоци во изминатите 10 години. Речиси сите се познати, а има и некои кои сме ги подзаборавиле.

Комити: Имаме закажано прослава, каде да се обратиме?

Денес меѓу навивачите секој си толкува како што му одговара, па така оние на чаирска Слога прославија јубилеј од 30 години од своето основање (веројатно кога првпат го виделе стадионот, затоа што јубилеј се слави кога првпат си започнал со организирано навивање а тоа подразбира сè што подразбира, не грицкање семки).

Леброн одигра ѕверски, па ги подари патиките на дете од публика

ЛА Лејкерс со осма победа по ред направи серија каква што со години немал. На гостувањето во Тексас синоќа кај Сан Антонио (триумф 114-104) Леброн беше брутален со 33 коша, 3 скока и 14 асистенции и стана петтиот играч во историјата кој стигнал до бројка од 12.000 постигнати поени од игра во НБА.

Неоткриени снимки од зад сцената на Барселона

Каталонците спремаат документарец кој излегува на 29 ноември и за таа цел пуштија во етер јак трејлер кој се состои од повеќе ексклузивни видео парчиња стокмени во едно.

Ова не е одбрана на сезоната, туку на кариерата

СПАЛ и Џенова одиграа 1:1 во последниот меч од 13. коло во Серија А, Пандев влезе во 62-ра, а неговиот колега Јонуц Раду е дефинитивно одлепен со интервенцијава.

Од кај па сега фудбал на мраз?

Можеби ќе излезе дека сме демодирани, ама стварно не знаевме за ова. Хокеј на мраз да, ама фудбал на мраз? Еве сами ќе видите дека нешто не штима тука, ко пијани кокошки се движат.

Како везе Ајакс, топката му ја крие на противникот

Имаат постигнато 47 гола на 14 средби кои одлично ги возат без пораз. Викендов го намачкаа Хераклес 4:1, а акцијата при првиот гол беше „Дојдете и земете ако можете“.

Каков Роналдо, гледајте го Чиро

Најдобриот егзекутор во Серија А е типичен пример како за секој човек има место, само треба да си го најде. А Чиро го најде на стадионот „Олимпико“ каде за некое време би можел да стане прв стрелец на вечната листа.

Вака се сака клубот и во победа и пораз

По болниот пораз во финалето на Копа Либертадорес кога водеа 1-0 до 89’ минута а после во безмалку 120 секунди примија два евтини гола и изгубија од Фламенго, играчите на Ривер Плејт се вратија во Буенос Аирес. А таму, љубов на квадрат со навивачите.

Ѕверот Вајлдер и нокаутот на годината

Дионтеј Вајлдер по десетти пат ја одбрани WBA титулата во тешка категорија, откако во Лас Вегас го нокаутираше Луис Ортиз кој шест рунди боксуваше фантастично.

Како Италијанците ја билдаа атмосферата пред мечот со Ерменија

Фудбалерите на Милан изгледа треба да се огледаат од Италија У-21, бидејќи соблекувалната служи за облекување и за мотивирање еден со друг, а не за дремење на Фејсбук и Инстаграм.

42.000 луѓе во Мексико дошле да го гледаат Федерер

Роџер Федерер можеби не играше на новиот Дејвис Куп во Шпанија каде издоминира Надал, но затоа 38-годишниот Швајцарец сруши нов рекорд. Овојпат на егзибициски меч во Мексико го гледаа преку 40.000 луѓе што е апсолутен рекорд.

Магијата на нисколигашкиот фудбал лежи во оваа акција

Од тие треторазредни лиги ширум Европа знае да излезе по некој лудак со Меси соло продор, ама најслаткото е кога ќе начекаме некоја ваква контра со неколку генијалности во едно. Ова скапоцено видео парче со епски крај ни доаѓа од Италија.

Швајцарска тики-така во режија на Јанг Бојс

На мечот Сион - Јанг Бојс (3:4) во краток временски период паѓаа голови како дожд. Во 76’ минута при резултат 3:3, гостите прават акција ала Барса а егзекутор е Рожер Асале.

Како царице црвен картон за докторот?

Лекарските екипи според правилата мора да добијат дозвола од главниот судија за да истрчаат на теренот и да дадат помош на повреден играч. Ама една судијка во Шпанија малку се занесе па се размавта со црвениот картон додека на тревник лежеше повредена фудбалерка.

Фотките кои не требаше да протечат од соблекувалната на Милан

На последните 6 меча одиграа реми со Лече и едвај го тепаа СПАЛ. По 13 минати кола од вкупно 39 можни бодови освоија 14 и се на 12-та позиција со мизерни 12 постигнати гола. Полош Милан немало во последни 30 години. И згора на сè на еден час пред мечот со Наполи го прават ова:

Фламенго ги пречекаа Габигол и другарите како богови

Да губиш 1:0 до 89-та минута во едно финале на Копа Либертадорес и потоа да го освоиш е лудо, а уште полудо или најдуло се овие епски сцени кои ќе ги видите во Бразил. Пречекот за новиот јужноамерикански првак Фламенго кој по речиси четири децении го крена пехарот изгледа вака:

Де Хеа па не е реално ова што го направи

Манчестер Јунајтед одигра 3:3 на гости против Шефилд Јунајтед во меч во кој „црвените ѓаволи“ сигурно ќе примеа повеќе погодоци ако го немаа шпанскиот голман на голот.