Килијан Мбапе има 21 година, трофеи со ПСЖ, голема слава и веќе е светски шампион со Франција, но пред само 7 години имал случка која мислел дека не е реална.
Ја добил како подарок за роденден, а ја раскажува за Players Tribune
„Пред мојот 14-ти роденден, ми се случи неверојатно изненадување. Татко ми доби телефонски повик од некој од Реал Мадрид кој ме покани да одам да тренирам кај нив додека имаше пауза за време на еден празник. Тоа беше шок, затоа што тој што му се јавил на татко ми му рекол: Зидан би сакал да го види твојот син. Во тоа време, Зизу беше спортски директор. Се разбира, јас бев на седмо небо. Очајно сакав да одам.
Но тоа не беше така едноставно, затоа што почнаа на мечевите да ме гледаат скаути, а внимание почнав да привлекувам и кај медиумите. Кога имате 13 години, не знаете како да се справите со тие ситуации. Имаше голем притисок, а семејството сакаше да ме заштити.
Таа недела беше мојот 14-ти роденден, а моите родители без да знам организираа со клубот како подарок да ми биде одењето во Мадрид. Какво изненадување за мене. И верувале или не, на никој не му кажувавме каде одиме. Криев и од моите најблиски другари, бидејќи бев многу нервозен. Ако во случај работите не одеа добро, не сакав да се вратам и да ги разочарам.
Никогаш нема да го заборавам моментот кога одевме од аеродром до тренинг центарот. Се појави Зидан со навистина убава кола и се понуди да ме вози. Покажуваше накај предното седиште за да седнам таму. Но јас се замрзнав и прашав: Треба ли да соблечам патиките? Не знам зошто го кажав тоа. Но тоа беше колата за Зизу. Се насмеа и ми рече се разбира дека не треба. Ме одведе до тренинг центарот, а јас си мислев дека ова не е реално и дека сигурно сонувам. Понекогаш кога нешто е реално, изгледа како сон“.
Инаку ако сакате бидете Французи, тогаш треба да го изговарате како тренерот на Шибеник.