Интер едвај со Лудогорец, Арсенал елиминиран од Олимпијакос!

Јунајтед, Интер, Шахтјор, Хетафе, Копенхаген, Олимпијакос и Севиља им се придружија на клубовите кои неколку часа претходно обезбедија пласман во осминафиналето на Лига Европа. Олимпијакос го потопи Арсенал среде Лондон.

Лига Европа е второ по ранг клупско натпреварување, ама тоа што таму се случува, тешко да го видиме дури и во Лига на шампиони. Вечерва неколку баш чудни резултати. Севиља се спасуваше со ВАР против романски Клуж, Арсенал испадна од Олимпијакос иако имаше 1-0 од првиот натпревар.

Лига Европа, шеснаестина финале, резултати на дуелите кои почнаа од 21.00

АЈАКС - ХЕТАФЕ 2:1 (првиот натпревар, 0:2 за Хетафе)
(Данило 10, Елтинг 63 – Мата 6)
АРСЕНАЛ - ОЛИМПИЈАКОС 1:2 после продолженија (0:1 регуларен дел) (прв меч 1:0)
(Обамејанг 113' - Сисе 53, Ел Араби 119')

БЕНФИКА - ШАХТЈОР 3:3 (1:2)
(Пици 9, Дијаз 36, Силва 47– Мораеш 12, Степањенко 49, Патрик 71)
СЕЛТИК - КОПЕНХАГЕН 1:3 (1:1)
(Едуард 81п – Сантос 51, Биел 85, Ндоје 88)
ИНТЕР - ЛУДОГОРЕЦ 2:1 (2:0)
(Бираги31, Лукаку45+4– Оливеира-Соуза26)

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД - КЛУБ БРИЖ 5:0 (1:1)
(Фернандеш 12п, Игало 34, Мектоминеј 41, Фред 82, 90+3)
СЕВИЉА - КЛУЖ 0:0 (1:1)

Голови и хајлајтс од претходните натпревари од 19.00

Во 1/8 финале на ЛЕ ќе играат: Вулверхемптон, Хетафе, Леверкузен, Копенхаген, Базел, Севиља, Олимпијакос, ЛАСК Линц, Манчестер Јунајтед, Интер, Шахтјор, Волфсбург, Рома и Ренџерс.

27 февруари 2020 - 23:34