Offside

На почеток на доигрувањето за титулата во НБА, Денвер Нагетс ја совладаа Минесота Тимбервулвс со 116:105 и поведоа 1-0 во серијата.

Ѓоковиќ имаше обид за прошетка во Њујорк

Како беше тоа: Прв во село, последен во град. Не важи тоа дечки во случајов.

Словачка направи сензација против Германија, Стрелец му го зема умот на Рудигер

Селекцијата на Словачка одигра меч за паметење во првото колото од квалификациите за СП во А групата. Го срушија четирикратниот светски првак со 2:0. Резултатот го отвори дефанзивецот Давид Ханко кој летово потпиша за Атлетико Мадрид, а потоа мајсторски финиш имаше Давид Стрелец кој го измрда целосно Рудигер.

Фешта на Монументал, солзи, збогување и два гола на Меси

Дојде денот. Лионел Меси го одигра последниот танц за Аргентина пред своите навивачи. Кој стигнал до карта од овој натпревар, нека си ја урами.

Лука Дончиќ го разби Израел за победа на Словенија

Словенија после продолженија го совлада Израел 106:96 откако во основното време резултатот беше нерешен. Лука Дончиќ го заврши дуелот со 37 поени, 11 скока и 9 асистенции. Му фалеше уште едно успешно додавање за трипл-дабл учинок за 34 минути на паркетот. Словенците во недела вечер играат против Шпанија или Италија во осминафинале.

Страшен гол на Александар Трајковски - ќе биде кандидат за гол на сезоната

На пријателска средба против Саудиска Арабија вечерва во Прага, Македонија прва поведе преку Александар Трајковски кој постигна страшно голчиште со ножички во 40' минута. Израмни Ферас Албрикан во 45' минута на 1-1.

Лабаво со GoPro камерата на Александар Трајковски

Македонската фудбалска репрезентација со почеток од 17 часот игра пријателска против Саудиска Арабија во Прага, а во недела го пречекува Лихтенштајн во квалификациите за СП. Во пресрет на двете средби, Трајковски сними материјал на кој може да се види како се релаксираат репрезентативците. Пред тренинг се собираат во соба на карти, а потоа на кафе.

Лудо пиротехничко шоу опасно по живот

Јужноамериканците се фанатици за фудбал, ама често пати немаат акал кога одат на стадион. Што чудо од пиротехника ќе беше ова, кое напаѓа луѓе. Погодија играч кој легна на земја. Луда работа.

Не баш нормално загревање на Финците

Кошаркарите на Финска со учинок 3 победи и 2 порази одат во осминафинале каде ќе играат против Србија. На нет се појави видео на кое се гледа како се загреваат и палат пред натпреварите во соблекувална. Еден Финец во коментар вика „Ова е нормално кај нас при поздравување“.

Дончиќ погоди од паркинг и го натера Омиќ да прави 50 склека

Кладба е кладба. Високиот центар на Словенија Ален Омиќ сам си го бараше. По крајот на денешниот тренинг на Словенците кои од 17:00 играат против Израел, Омиќ му рекол на Дончиќ ајде во 50 склека дека од таму нема да погодиш. Лука: „Молам“?!

Имаше ли пенал во последниот напад за Вардар?

Пелистер направи одлична увертира пред стартот на новата сезона каде ќе игра во Лига на шампиони и Суперлига, како и во македонскиот Куп откако во Суперкупот го совлада Вардар 1961 со 28-27. Вечните ривали пред полни трибини во салата „Јасмин“ во Кавадарци постојано се менуваа во водство. Битолчани во вториот дел го презедоа кормилото и водеа до крајот. Црвено-црните се вратија резултатски но не израмнија во финишот.

Аргентинците полека се спремаат за најемотивната ноќ

Иако уште пред неколку месеци беше најавено дека последниот натпревар на Аргентина на домашен терен во квалификациите за Светско првенство 2026 може да биде и последен за Лионел Меси на домашен терен, многумина го игнорираа овој факт. Ама тој ден односно ноќ очигледно дојде. Вечерва Аргентина ја пречекува Венецуела на „Монументал“ во Буенос Аирес каде Лео најверојатно за последен пат ќе го носи најсаканиот дрес на домашно тло.

Колку ист стил на игра имаат Јокиќ и Алперен Шенгун

Дваесет и четири годишниот турски центар веќе некое време е меѓу подобрите играчи во НБА. Настапува за Хјустон Рокетс каде е главен поентер во текот на цели сезони. Сега брилјира на Евро 2025, а синоќа го надигра дури и неговиот идол Никола Јокиќ во триумфот 95-90 над Србија. Шенгун веднаш по мечот изјави дека Јокиќ е најдобар играч на светот и дека му е драго што играл против него.

Меси за последен пат ќе игра во Аргентина, плачеа и селекторот и новинарите

Актуелниот светски првак Аргентина вечерва против Венецуела ќе го одигра последниот натпревар на домашен терен во квалификациите за Светско првенство 2026. Гаучосите веќе одамна се пласирани на Мундијал, а тоа што долго време нема да играат на домашен терен значи и дека Лео Меси веројатно ќе го гледаат за последен пат дома.

Синер на свој начин ја одржува атмосферата во тимот

Не е познато дали ова е пред или после четвртфиналето на Јаник Синер, ама како и да, имаме интересна снимка од зад сцената со светскиот рекет број 1. Детското од себе го извадија.

Поенот кој ја одбележа победата на Синер

Јаник Синер игра страшен тенис и е фаворит број 1 на УС опен, каде ја брани титулата. Го збриша со 3:0 и својот сонародник Музети и закажа полуфинале против Феликс Оже-Алијасим од Канада. Форхенов му е воодушевувачки.

Тешка разделба на Никола Вучевиќ од националниот тим

Црна Гора, неочекувано загуби од Велика Британија со 89:83 во последното коло од Б групата и мораше да се помири со елиминација во последното коло на Евробаскетот. Најтешко му падна на Никола Вучевиќ.

Шенгун незадржлив за Србите, прв пораз на Јокиќ и другарите

Алперен Шенгун ја доби „НБА пресметката“ со Никола Јокиќ во дербито на групата А на последниот меч од групната фаза.

Брејк поен во изведба на Ѓоковиќ после 25 разменети удари

Тејлор Фриц е 10 години помлад од Новак и човек е нормално да помисли дека по вакви тешки удари поенот ќе отиде кај младината. Ама кога се работи за Ѓоковиќ, годините се небитни.

Ниту перфектен дроп шот не проаѓа кај Синер

Јаник Синер е во топ форма и најавува одбрана на титулата на УС опен. Во осминафинале го збриша Александер Бублик со само 3 загубени гема, а во четврт ќе игра против Музети. Таман кога ќе помисли човек дека му земал поен, тој ќе стигне во било кој дел од теренот.

Само двајца играчи од шампионскиот тим останаа во Леверкузен

Баер Леверкузен 2023/2024 беше бајка над бајките. Ја освоија првата шампионска титула во историјата и станаа први во Бундеслигата на кои тоа им успеало без пораз. Прекинаа серија на Баерн од 11 титули по ред. Потоа го освоија Купот, а беа финалисти и во ЛЕ. За жал оваа приказна опстои многу кратко. Ланската сезона не освоија ниту еден трофеј, а од првите 11 кои ја испишаа историјата, оваа сезона играат само Роберт Андрихт и Алекс Грималдо.

Носталгично кошаркакарско фото на денот

Дино Раѓа, Зоран Савиќ, Душко Ивановиќ, Тони Кукоч, Велимир Перасовиќ, Зоран Сретеновиќ, Петар Наумоски, Горан Собин, Арамис Наглиќ, Лука Павиќевиќ. За помладите: Тоа е бандата наречена Југопластика или сегашен КК Сплит. Екипа страв и трепет која три години не го даде тронот на Европа (1989-1991). Во финале го згазија Макаби Тел Авив, па два пати Барселона. МВП еднаш Дино Раѓа, два пати Кукоч. Млади и двајцата. Време на страшни југословенски баскетџии, кои беа терор под кошевите и во кое најмладиот ги носел торбите.

Нов Гинисов рекорд - човек собрал повеќе од 1.000 дреса од ист клуб

Шеесетгодишен Швајцарец по име Флоријан Тирлер официјално влегол во светската Гинисова книга на рекорди како сопственик на најголем број дресови од еден единствен клуб.

Ашраф Хакими со децата од марокански улици

Мароко има 5/5 во квалификациите за Светско првенство и е речиси пласиран на Мундијал 2026. Капитенот на Мароканците Ашраф Хакими додека се возел до базата на репрезентацијата, решил да застане на улица кога видел едни деца како играат фудбал и да им се приклучи. Не им се верувало кого гледаат до нив.