САД им бара 15.000 долари за влез на навивачи од Тунис, Алжир и други три земји

Нова непријатна вест од САД стигна за навивачите на репрезентациите на Алжир, Тунис, Зелено'ртски Острови, Сенегал и Брег на Слонова Коска кои се пласираа на Мундијалот кој летово се игра во три земји.

Навивачите на овие пет селекции ќе мора да остават депозит од 15.000 долари како гарант за да добијат туристичка виза и да можат да влезат во САД за да гледаат натпревари од Светско првенство.

Овие 15.000 долари се по лице што значи дека родител кој би дошол со дете би требал да плати две депозитни суми. Некои извори блиски до апликацијата, за Атлетик велат дека плаќања депозит од 5.000 долари би бил доволен за деца да влезат во земјата и од 10.000 до 15.000 долари за возрасни.

Гласноговорник од Стејт Департментот за сајтот Атлетик рекол дека сите апликанти за виза, без разлика на годините, се субјект на исти легални стандарди и ќе мора да покажат дека се квалификувале во процесот да добијат виза.

Важно е да се напомене, рекле од Стејт Департментот дека депозитот ќе биде вратен ако лицата ги напуштат САД навремено пред нивната виза да истече. Се додава и дека депозитот за виза не е ретроактивен и дека не важи за веќе постоечки сопственици на валидна виза.

Додека пласманот на Светско првенство е најголема радост за сите земји, а историско чудо за селекции кои првпат се пласираа на Мундијал како Зелен'ортски Острови на пример, овие проблеми за патување би можеле да им ги упропастат плановите како на навивачите така и на играчите.

Интересно, депозитните суми ќе важат и за некои играчи кои ќе играат на Светското првенство и тие ќе мора да аплицираат за Б-1 или Б-2 виза која ќе трае додека трае Мундијалот.

ФИФА наводно ја убедува администрацијата на претседателот Доналд Трамп да крене рампа за фудбалерите и стручниот штаб на репрезентациите кои ќе играат на Светското првенство.

На помалку од 80 дена до почетокот на Мундијалот, останува да се види дали играчите и другите членови на делегациите ќе бидат исклучени од депозитот за добивање виза. Навивачите за сега нема да имаат „таква привилегија“.

25 март 2026 - 15:09