Гоце Седлоски вечерва во Копенхаген од 20:45 ќе дебитира како селектор на македонската фудбалска репрезентација. Ама веќе има еден натпревар, како привремен селектор пред 14 години. Се работи за вакум периодот во летото 2012-та, односно после заминувањето на Џон Тошак, а пред доаѓањето на Чедомир Јаневски. Пријателска средба Македонија - Литванија 1:0, стрелец Пандев.