Дваесет и две (22) репрезентации ќе се обидат да стигнат до последните шест злато вредни карти за пласман на Мундијалот кој летово се игра во САД, Мексико и Канада.
Ова Светско ќе биде прво на кое ќе играат дури 48 селекции. До сега се пласираа 42 репрезентации а шест ќе бидат познати после европскиот и меѓуконтиненталниот бараж.
Во европскиот бараж ќе играат 16 селекции распоредени во четири различни турнири. Само победниците на секој од тие поединечни турнири ќе оди на Светско.
Во турнир А во полуфинале ќе играат Италија - Северна Ирска (20:45) и Велс - Босна и Херцеговина (20:45). Победниците од двата дуели ќе играат во финале во Кардиф или во БиХ.
Во турнирот Б се игра дуелот меѓу Украина и Шведска (20:45) и Полска - Албанија (20:45).
Во рамките на турнирот Ц ќе играат Турција - Романија (18:00) и Словачка - Косово* (20:45).
Во турнирот Д ќе играат Данска - Македонија (20:45) и Чешка - Република Ирска (20:45) и Чешка - Република Ирска (20:45).
Финалните средби се закажани за 31-ви март (вторник вечер). Тие дуели ќе се играат во Велс или БиХ, Украина или Шведска, Словачка или Косово* и Чешка или Република Ирска.
Паралелно со евроскиот бараж, во Гвадалахара и Монтереј во Мексико ќе се игра и симпатичниот интеконтинентален бараж каде ќе има шаренило од репрезентации.
Ќе играат шест селекции: Боливија, ДР Конго, Ирак, Јамајка, Нова Каледонија и Суринам. Според пласманот на ранг листата на ФИФА, Ирак и ДР Конго веќе се директно во финале на своите турнири Во градот Гвадалахара за пласман во финале ќе се борат Нова Каледонија - Јамајка и победникот на овој дуел ќе игра против ДР Конго. На другиот турнир кој ќе се игра во Монтереј (Мексико), Ирак во финале го чека подобриот од средбата Боливија - Суринам.