Центарот на Денвер Нагетс синоќа во победата над Феникс Санс 125-123 стигна до петтиот најбрзо остварен трипл-дабл во историјата на НБА лигата и тоа за само 17 минути и 41 секунда на паркетот.
Практично само што почна третата четвртина Србинот го пронајде неговиот добар другар и соиграч Арон Гордон кој заби и така ја забележа својата 10-та асистенција на вечерта и го комплетираше трипл-даблот:
Look at Aaron Gordon sneaking from the right corner to that dunker spot for the slam. Great example of his value. pic.twitter.com/I7Nhq80Wgx
— Matt Brooks (@MattBrooksNBA) March 25, 2026
До тој момент на 10-та асистенција Јокиќ веќе имаше двоцифрен број поени и скокови но начинот на кој дојде до трипл-дабл со асистенции најдобро ја опишува целата негова партија.
Јокиќ блескаше, го водеше нападот на Денвер, воспостави ритам и трпеливо чекаше да ја отвори противничката одбрана. Не форсираше, ја читаше играта на Феникс Санс.
17 асистенции синоќа се рекорд на сезоната на Јокиќ.
Интересно и овој негов настан е историски затоа што влезе на листата на 5 најбрзи трипл-дабл учиноци откако се игра и води статистика во НБА. Србинот и натаму е прв на оваа листа и го држи апсолутниот рекорд а два од пет се негови.
1. Никола Јокиќ - трипл-дабл за 14 минути и 33 секунди (15-ти февруари 2018-та)
2. Џим Такер - 17 минути (20-ти февруари 1955-та)
3. Расел Вестбрук - 17 минути и 35 секунди (11-ти април 2016)
4. Расел Вестбрук - 18 минути и 43 секунди (9-ти март 2016)
5. Никола Јокиќ - 17 минути и 41 секунда (25-ти март 2026).
Лидерот на Денвер Нагетс во моментов ја предводи НБА лигата во месец март по број на скокови и асистенции, има 167 скока досега и 147 успешни асистенции.
Парадоксално Никола Јокиќ според пишувањата на медиумите од САД, ниту сезонава нема да стигне до МВП наградата и уште попарадоксално не е ниту меѓу 3 кандидати за престижната награда.