Нов трипл-дабл на Никола Јокиќ и кош за важна победа

Денвер Нагетс го совлада Феникс Санс 125:123 во најинтересниот натпревар на вечерта во НБА лигата. Со поени на 18 секунди до крајот Никола Јокиќ и донесе на својата екипа од Колорадо трета победа по ред па сега Нагетс се на четврто место на Западната конференција каде ја прескокнаа Минесота Тимбервулвс.

Снажниот центар на овој натпревар запиша нов трипл-дабл, постигна 23 поени, 17 скока и 17 асистенции и тоа за само 17 минути и 41 секунда што е неверојатен подвиг. На 11 секунди до крајот постигна кош за победа на Денвер Нагетс:

Домаќинот Феникс Санс имаше подобар почеток на мечот, долго време водеше а едно време негативата на Нагетс беше дури 11 поени (30:19).

Но тимот на Дејвид Аделман се стабилизираше и пред крајот на првиот дел направи пресврт па на пауза отиде со +10 (67-57).

Во третата четвртина повторно резултатски пресврт, предводени од Девин Букер „сонцата“ во еден момент поведоа 95-94 па на Јокиќ му требаше поддршка од Мареј и Хардавеј за да стигнат до нов, трет триумф по ред.

Никола Јокиќ при нерешен резултат 123:123 на 11 секунди пред крај постигна прекрасен кош од врвот на рекетот за победа 125:123.

Џамал Мареј броеше до 21 поен а одлична вечер прикажа и Тим Хардавеј со 18 поени. Арон Гордон се врати во добра форма и втор натпревар по ред бележи добар настап, синоќа уфрли 16 поени. Кем Џонсон имаше удел со 14 поени.

Кај Феникс Санс кој остана на 40 сезонски победи, поентерски лидер беше Девин Букер со 22 поени а Ален и Грин стигнаа до по 21 поен.

25 март 2026 - 09:12