Offside

Елена Рибакина славеше двоен триумф на Отвореното првенство на САД. Прво откако се пласираше во полуфинале го презеде тронот во женскиот тенис и ја симна Арина Сабаленка од првото место после повеќе од 90 недели. После ја победи и во големото финале, во три сета: 6:4, 5:7, 6:2.

Сте го виделе ли ракометниот Ламин Јамал?

Младиот Маркос Фис со само 18 години ја зачуди ракометна Европа. Тој дебитираше на Европско првенство за Шпанија на дуелот со Србија и со три гола уште во првиот дел најави каков играч доаѓа на светска сцена. Шпанецот Јан Тафета со шест гола беше прв стрелец кај Шпанците кои победија 29:27, но Маркос Фис го украде вниманието на јавноста.

Парадоксот на српскиот ракомет

Додека ракометот е спорт број 1 во Македонија, кај нашиот северен сосед има парадоксална ситуација, бројни ракометари со години да играат во елитни европски клубови а репрезентацијата бележи мизерни резултати на секое големо натпреварување. И тоа трае 14 години.

Македонија го стартува Европско првенство против најсилниот можен ривал

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва од 20:30 часот ќе го има убедливо најтешкиот испит од сите репрезентации учеснички на Европското 2026 кое се игра во три скандинавски земји: Данска, Норвешка и Шведска. Токму Данците ќе ни бидат прв ривал и тоа пред нивна публика.

ЕХФ ја помеша Србија во Чешка

Раул Гонзалес како селектор на Србија со пораз од 29:27 го стартуваше Европското првенство од неговата родна земја Шпанија. ЕХФ ги измеша брзините околу знамињата.

Му го пуштија на Ентони Блек лудото забивање

Младиот бек на Орландо Меџик изведе лудорија против Мемфис, за која и самиот како да не е свесен колку моќно изгледа. „Мислев дека сум сам“, вели Ентони Блек.

Го имаме забивањето за 2026-та, НБА нека принта постер

Кога последен пат сте виделе четворица кошаркари да се обидат да спречат забивање и тоа неуспешно? 21 годишниот Ентони Блек од Орландо Меџик на дуелот против Мемфис изведе нешто спектакуларно, кое ќе се памети и кое заслужува место во посебна најавна шпица. Неверојатно е како изгледа ова. Урамете го.

Лестер Бо Мекејлеб стана тренер

Легендарниот кошаркар кој беше главен јунак на најголемиот успех на македонската кошаркарска репрезентација на култното Европско првенство 2013 во Литванија, Лестер Бо Мекејлеб станал тренер во САД.

Во понеделникот требал да потпише во Тајланд, во средата стана џелат на Реал

Хефте Бетанкор, 32-годишниот фудбалер на шпански Албасете ја има можеби најневеројатната приказна на сезоната. Тој добивал награда за најдобар стрелец во грчка, австриска и романска лига но речиси никој не го знаел до средата вечер кога направи чудо и со два гола го исфрли големиот Реал Мадрид од Купот на Шпанија.

Неверојатното испраќање од навивачите на Албасете

Албасете синоќа ја забележа можеби најголемата победа во својата повеќе од 100-годишна историја. Второлигашот кој игра очајна сезона во Сегунда и се бори за опстанок, синоќа го совлада големиот Реал Мадрид 3-2 и го елиминираше од Купот на Кралот. Албасете игра на стадионот „Карлос Белмонте“ кој има капацитет од 17.500 гледачи, но има навивачи какви што би посакал секој клуб на светот.

Шарлот ја повлекува 30-та, Дел Кари плачеше како дете

НБА франшизата Шарлот Хорнетс објави дека во март на свечена церемонија ќе го повлече од употреба дресот со број 30 во чест на еден од најдобрите играчи во нивната клупска историја - Дел Кари. Кари, татко на најдобриот шутер во историјата на НБА лигата Стеф Кари и на уште еден НБА играч Сет Кари, играше во лигата од 1986 до 2002-ра година.

На провокација со Федерер, Ѓоковиќ одговори со имитација

Новак Ѓоковиќ ја темпира формата за Австралија опен, турнирот на кој е неприкосновен со 10 титули. На егзибициски дуел, го доби Френсис Тиафо со 2:0 (6-3, 6-4). Пред да го видите поенот на мечот, ѕирнете како „го скина“ Роџер, откако некој му го дофрли неговото име. Цар.

Ракометарите со партија фудбал се релаксираа во Хернинг

Бандата на Кире Лазаров ги врши последните подготовки пред настапот на деветтото Европско првенство. Стартуваме со мега противникот Данска во петок од 20:30 часот, а потоа следуваат Португалија (недела 18:00) и Романија (вторник 18:00). Пренос од средбите ќе има на МТВ. Срце на терен момци.

Реал шести пат во ХХI век испаѓа од Кралски Куп од нисколигаш

„Го допревме дното сериозно“, изјави капитенот на Реал Мадрид, десниот бек Дани Карвахал после дебаклот во 1/8 финале на Куп на Кралот каде Реал прими 3 гола од второлигашот Албасете и испадна.

Врската меѓу Иниеста и Албасете

Кога Албасете беше на работ на исчезнување, Иниеста им помогна со 420.000 евра. Градскиот тренинг-центар се вика Ciudad Deportiva Andrés Iniesta во негова чест.

Измерена бучавата за време на пеналите на Мароко - Нигерија

Откако Сенегал предводен од сјајниот Садио Мане го совлада Египет и се планираше во големото финале на Африканскиот Куп на нации, истото подоцна синоќа го стори и Мароко но по далеку потежок пат, на пенали против Нигерија.

Првиот гол на Македонија на Европските првенства

Македонската ракометна репрезентација утревечер од 20:30 против Данска го стартува деветтиот настап на ЕП. Дебито се случи во Италија 1998 против Унгарија, а првиот гол го постигна прилепчанецот Томе Петрески. Да се потсетиме.

Денвер Нагетс тера добро и без Јокиќ, трета победа по ред

Денвер Нагетс го забележа и третиот триумф по ред, овојпат 118:109 над Далас Маверикс. 

Рекорд на сезоната за Никола Вучевиќ, му донесе победа на Чикаго на 4 секунди пред крај

Кошаркарите на Чикаго Булс ја совладаа Јута Џез 128:126 а јунак на повеќекратниот НБА шампион беше Никола Вучевиќ кој трет пат сезонава постигна кош во последните секунди за голема победа.

Интересна завршница на Гнабри од Баерн Минхен

Баварската машинерија продолжува да гази. Во Бундеслига имаат 15 победи и 2 нерешени на 17 натпревари. Синоќа го совладаа Келн на гости со 1-3. Првиот гол за Баерн го даде Серж Гнабри на истек на првиот дел во 45+5' минута. Интересно голче.

Кога ќе речат „Го седна на газ“

Африканскиот Куп на нации стигна до завршницата. Сенегал оди во финале после триумф над Египет со голот на Мане, а Мароко ја мина Нигерија на пенали. Одиме со еден кус сегмент од вторава средба. Абде Езалзули од Бетис буквално го легна на земја својот чувар.

Необичен гол во Бразил од паркинг

Екипите се викаат Спорт и Ретро. Ама не се сами они чудни. Погледнете го ова. Голманот мислеше дека тоа ќе биде лесен плен.

Деби за заборав на Арбелоа, Реал елиминиран од второлигаш

Фудбалерите на Албасете приредија сензација во Копа дел Реј и го исфрлија ранетиот Реал Мадрид, кој пред само неколку дена го загуби Супер Купот од Барселона. Победничкиот гол за второлигашот падна во 94-та минута за конечни 3:2, а го постигна Хефте Бетанкор, кој беше двоен стрелец на мечот.

Џордан сам против сите од Орландо

Првиот чувар се вика Пени Хардавеј, вториот Шекил О`Нил, а под кош е и Хорас Грент. Ем Џеј не го интересира и не гледа кој има пред него. Влегува и ја решава акцијата, па ако треба и сам ќе си асистира, како во случајов.

Кузмановски за односот со Талески

Филип Талески неодамна во подкаст изјави дека не разговара со Филип Кузмановски. Капитенот на Пелистер за Пресинг вели дека не сака многу да навлегува во таквите приказни. „Нема никогаш да заборавам како ми помогна, како да дојдам од Битола во Скопје, да се наметнам во тој круг на играчи, на приjатели, на другарство. Едноставно, можеби конкуренциjата направи да дојде до ова меѓу нас. Јас немам никакви замерки“, вели Кузмановски.