Јокиќ стигна до 192 трипл-дабл во кариерата, се доближува до рекордот на Вестбрук

Во победата на Денвер Нагетс над Портланд 128:112, Никола Јокиќ забележа нов, 192. трипл-дабл во НБА кариерата, го надмина Оскар Робертсон (191) и му се доближи уште повеќе на апсолутниот рекордер Расел Вестбрук кој има 209 такви подвизи во кариерата.

Србинот имаше 22 поени, 14 скока и 14 асистенции за нов трипл-дабл.

Јокиќ игра во страшна форма и е апсолутен лидер на Денвер Нагетс во сите статистички параметри и чудно е како според американските медиуми Шеј Гилџес-Александар е главен фаворит за МВП наградата. Џамал Мареј даде 22 поени во триумфот.

Покрај Никола Јокиќ и Џамал Мареј, одлична вечер во триумфот на Денвер Нагетс имаа уште и Камерон Џонсон со 19 поени и сјајниот Пејтон Вотсон кој на првото враќање после незгодната повреда и отсуството од 4-ти февруари, даде 14 поени за помалку од 20 минути на паркетот. Арон Гордон запиша 15 поени за Нагетс.

Кај Портланд Трејлблејзерс Дени Авдија уфрли 23 поени а Донован Клинган даде 18.

Со овој 44-ти сезонски триумф, Денвер Нагетс е на 5-то место на Западот зад лидерот Оклахома Сити Тандер, Сан Антонио Спарс, ЛА Лејкерс и Хјустон Рокетс.

Standings provided by Sofascore
23 март 2026 - 10:40