Италијанците имаат траума затоа што не беа на две Светски првенства по ред, во 2018 и 2022, со болни елиминиации и испаѓања како она во Палермо кога Македонија направи светска сензација кога победи 0-1 со голот на Александар Трајковски.
Сега Италијанците имаат голем уплав од нова квалификациска утка. Играат против Северна Ирска во Бергамо во полуфинале на бараж. Победникот ќе игра против подобриот од мечот Велс - Босна и Херцеговина. Селекторот Гатузо и фудбалската федерација се решиле за Бергамо наместо за „Сан Сиро“ затоа што тој вели дека во Милано после пар лоши додавања 60.000 гледачи би можеле да почнат да ги свират играчите и да биде проблем.
„Мора да направиме играчите да се чувствуваат опуштено. Италија не играше на двете последни Светски првенства... но нема потреба сега да ги давиме нив со тоа. Има играчи кои освоија Европско првенство и играа финалиња на Лига на шампиони. Тие се навикнати за вакви натпревари. Нема изговори: мора да мислиме само на средбата во четврток. Мора да имаме прав менталитет и ведрина. Го почитуваме противникот но мора да бидеме чисти во главите и да намирисаме опасност“, вели селекторот на Италија Џенаро Гатузо.